11/07/2024
Да се потсетиме на правилата во хотел!
♥️🐾
Да повториме за новите клиенти или оние кои не следат од скоро 🍀
М&М е хотел во домашни услови кој се грижи за потребите на вашите миленици додека патувате. За време на престојот се трудиме да ја следиме вашата рутина од дома, односно да јадат и шетаат истиот период за да не ја нарушиме рутината целосно.
🐾миленикот може да го оставите било кое време од денот, меѓутоа најдоцна до пладне односно да е денски.
🐾преземањето е налик хотелско сместување односно 11-12 претпладне, а потоа се наплаќа целиот ден.
🐾иако имаме опција да е со наша храна, нашето искуство кажува дека е најдобро секој да ја јаде истата што ја јаде дома.
🐾цената како и третманот се индивидуални и персонализирани и затоа е најдобро низ телефонски разговор да ми раскажете повеќе за вашиот миленик со цел да добијам идеја какво куче ќе имаме во хотелот.
Што е потребно за престојот во хотел?
🐾пасош и примени сите редовни вакцини против беснило и заразни болести!
🐾да е примен препарат против болви, крлежи и не заборавајте ги песочните мушички (не сите ампули штитат од истите и обрнете внимание на тоа)
🐾да е примент препарат и против внатрешни паразити т.е глисти
🐾чинија за храна и храната
🐾креветче или кебенце што мириса на дома
Милениците се чувствителни на нашата енергија и емоции па така на денот на оставање обидете се да не рефлектирате стрес и паника бидејќи тоа ќе го искомплицира процесот на адаптација во хотел. Истото важи и кога го преземаме миленикот.
Ве поздравува нашата гостинка Нала 🥹
🐾♥️
#среќамк #домашнимиленици #среќанаденот #среќа