Хепи Шепи

  • Home
  • Хепи Шепи

Хепи Шепи 100 % безбедна органска козметика наменета за миленицит?

Балсамот е задолжителен за во ташна за сите девојки кои имаат миленик со Шепи, како што имате крем за раце, така и оваа ...
02/07/2023

Балсамот е задолжителен за во ташна за сите девојки кои имаат миленик со Шепи, како што имате крем за раце, така и оваа тегличка е неопходна козметика за удобно секојдневие на среќните миленици.
На вака високи температури, кожата на шепите од кучињата и мачињата страда од подлогите на кои газат, а се прежешки, а токму поради тоа ние, луѓето, носиме заштита, а тоа се чевлите.

Замислете боси на жежок асфалт да газите, нема да е пријатно, нели?

Органскиот балсам за Шепи е неопходен во ова годишно време затоа што ја омекнува и регенерира кожата до степен на оздравување што е од витално значење за квалитетот на животот на Шепастите.

Слоевите од беспрекорна комбинација на растителни масла можат само да го заштитат миленикот од болки и стрес.
Се нанесува на чиста и сува шепа барем два пати на ден, додека за хронични состојби можам да кажам дека е 100% безбеден за да се мачка колку и да е потребно до заздравување, а дури и кога миленикот ја лиже смесата.

Не размислувајте многу, пишете ми порака и нарачајте си од рачно-изработениот мелем за нашите најдобри пријатели меѓу животните.

* Цената е 390 денари за 50 мл и трае еден месец. 🏆

П.С. Нема да погрешите ако го имате со вас на плажа или воопшто додека сте на одмор, досега имам само позитивно искуство споделено од купувачи, убод од инсект, ранички или само заштита SPF 5 со тоа што можете да го мачкате и носето, за да го заштитите од непријатно суви корупки кои без балсамот може сериозно да го нарушат здравјето на миленикот.

Секој нов празничен период носи различни емоции евоцирани од спомени или, за жал,  инспирирани од моменталната атмосфера...
16/04/2023

Секој нов празничен период носи различни емоции евоцирани од спомени или, за жал, инспирирани од моменталната атмосфера која владее на тоа поднебје.

Да го прекинеме синџирот на copy-paste честитки кои од година во година стануваат само едно обично дежа ву.

Мојата би била 💛 :

Бидете задоволни со тоа што сте го постигнале досега, секогаш кажувајте го тоа што искрено го мислите, сакајте ги со цела сила оние кои го заслужуваат тоа, охрабрете се за нови предизвици надвор од комфор зоната, зашто на Велигден се слават чудата, односно победата на доброто во битката против злото.
Искористете ја оваа празнична порака во своја полза и докажете си дека некогаш и невозможното станува возможно. ❤️

Дајте и шанса на љубовта и не само денес кога сите така прават. ❤️

Ама изберете љубов во која нема АМА и интензитетот на негативни последици ќе се намали.

Христос Воскресе и Честит Велигден до сите кои го одбележуваат. 😇

Мирен и Шепаст ден на сите. 🐾

Анксиозноста е сериозна состојба на која треба да се внимава, особено кај милениците кои директно зависат од опкружување...
12/04/2023

Анксиозноста е сериозна состојба на која треба да се внимава, особено кај милениците кои директно зависат од опкружувањето во кое живеат. 🫧🐕

Овие 5 совети ќе помогнат во процесот на избегнување на анксиозноста кај миленикот.

1. Знам дека ги обожавате Шепастите по дома, но гушкањето за нив е неприродна ситуација и тој говор на тело не го разбираат исто како и нас, така што кога го гушкате кучето всушност му навлегувате во приватен простор и се чувствува непријатно притоа. Галењето и чешкањето на омилените места се одлична замена за гушкањето.
2. Знам и дека повеќето од вас сакаат да слушаат гласна музика по дома, но тие децибели всушност го пореметуваат фокусот кај кучињата и прават да се чувствуваат беспомошно поради блокада на другите сетила. Обидете се да го изолирате миленикот во друг дел од домот за да може раат да дреме, или едноставно уживајте во потивка музика заедно.
3. Знам и дека некои од вас сакаат да ги дотеруваат милениците, но освен основната облека која помага и од медицински аспект им ја чува благосостојбата на организмот, сите други додатоци и дизајнирани комплети прават само кучето да се чувствува неприродно во своето тело кое е создадено совршено само по себе.
4. Знам и дека сакате да јаде што подобра храна миленикот по дома, но немојте да ја менувате често зашто тоа прави проблем во работата на дигестивниот систем кај кучето. Практично, кучињата се животинки кои сакаат навики, па така и благосостојбата на нивниот организам е нарушена при секоја нагла промена на храна.
5. Знам и дека често посветувате време на негата на миленикот, но дали е тоа доволно? Органските масла се благотворни за нивната кожа и крзно во било која форма. Шепите исто така треба да се неизоставен дел од рутината за нега, зашто негуван миленик е Хепи миленик.

Оставете го кучето да биде куче, а вие бидете му од помош во било кој момент зашто љубовта која ја добивате за возврат е непроценлива. 🐶

Нарачки во порака. 📩

Марси сега има меки шепи 💛Биди како Марси и стани член на Хепи Заедницата!Негувани шепи и сјајно крзно се одлики на здра...
25/11/2022

Марси сега има меки шепи 💛

Биди како Марси и стани член на Хепи Заедницата!

Негувани шепи и сјајно крзно се одлики на здраво и среќно куче.

Нарачки во ДМ!

Убав и Шепаст ден на сите 💛

Шепите мора да се здрави 💛Кожата на перничињата на шепите кај кучињата е од есенцијално значење за нивната целокупна бла...
24/11/2022

Шепите мора да се здрави 💛

Кожата на перничињата на шепите кај кучињата е од есенцијално значење за нивната целокупна благосостојба.

Таму се наоѓаат потните жлезди низ кои ги исфрлаат токсините од телото. Доколку кожата на шепата е оштетена овој процес може да биде нарушен и да влијае на здравјето на миленикот.

Исто така, кожата на шепите во зима е изложена на екстремно ладни подлоги кои лесно може да ја оштетат.

Затоа негата со органски балсам е единственото благотворно решение и заштита во исто време.

Органските состојки се безбедни за кучињата. Проверено и докажано.

Не дозволувајте да ги боли зашто нема да можат да ви кажат, мора вие да внимавате на негата.

Нарачки во порака 📩

Убав и Шепаст ден на сите!

Бела веќе е Хепи Миленик. 💛Со органскиот балсам Хепи Шепи шепите се заштитени за зимскиот период кога подлогите по кои н...
01/10/2022

Бела веќе е Хепи Миленик. 💛

Со органскиот балсам Хепи Шепи шепите се заштитени за зимскиот период кога подлогите по кои нашите миленици чекорат се екстремно ладни и ја оштетуваат кожата на перничињата.

Распуканата кожа на шепите боли многу, а Вашите миленици нема да Ви кажат туку ќе се потрудат да не Ве растревожат. 😣

Затоа нарачајте си балсам навреме и уживајте во долгите прошетки без разлика за кое годишно време се работи. 🐾🤗🐶

Иако дождлив, нека ви биде на сите Шепаст денот. 💛

Миленикот заслужува беспрекорен третман секој ден!Меки и сјајни шепи, меко крзно и чисто носе. 💛Хепи Спа Пакетчето ги со...
30/09/2022

Миленикот заслужува беспрекорен третман секој ден!

Меки и сјајни шепи, меко крзно и чисто носе. 💛

Хепи Спа Пакетчето ги содржи токму потребните органски производи за да имате Хепи миленик. 🤗🐾

Хепи Спа Пакетче 590 денари.

Хепи балсам за шепи 390 денари.

Нарачајте си што поскоро, подгответе го миленикот за зимата. 🐶🐾💛

Убав и Шепаст ден на сите. 🐾🐶

Шампионот Бади е најновиот член на Хепи Заедницата 🐾💛Негуваните шепи се и здрави шепи, а тоа значи Хепи миленик. 🙃Нарача...
21/09/2022

Шампионот Бади е најновиот член на Хепи Заедницата 🐾💛

Негуваните шепи се и здрави шепи, а тоа значи Хепи миленик. 🙃

Нарачајте во порака, нема да згрешите, кој си нарачал веќе си знае. 🙈🤗

Убав и Шепаст ден на сите. 💛

Вака изгледаат милениците со здрави шепи. 🐾💛Трчаат слободно, се смеат и играат со другите Шепасти. 🐶Доколку вашиот милен...
14/09/2022

Вака изгледаат милениците со здрави шепи. 🐾💛

Трчаат слободно, се смеат и играат со другите Шепасти. 🐶

Доколку вашиот миленик одбива да шета на подолги стази, можеби треба да му ги проверите шепите дали се оштетени од екстремните температури.

Имав веќе случај каде балсамот помогна на едно кутре кое одбиваше да шета во било кој дел од денот, сега, по третманот со Хепи Шепи прошетките му се омилени. 🐾💛

Нарачајте во порака.

Бесплатна достава за Скопје.

Убав и Шепаст ден на сите 💛

Тото е најновиот член на заедницата 🤗🐾Нели е прекрасен? 😍Тој е насмеан зашто шепите сега му се меки, а и балсамот бил мн...
13/09/2022

Тото е најновиот член на заедницата 🤗🐾

Нели е прекрасен? 😍

Тој е насмеан зашто шепите сега му се меки, а и балсамот бил многу вкусен. 💛💛💛

Сите кои сакате и вашите Шепасти да се смеат вака, ве очекувам во порака да им нарачате органски балсам за шепи.

Подгответе ги за зимата навреме. 🐾

Убав и Шепаст ден на сите!

Боли сликава, нели? Денес е СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ! 🥺Вака едвај преживуваат над 600 милиони бездомни животни ...
04/04/2022

Боли сликава, нели?

Денес е СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ! 🥺

Вака едвај преживуваат над 600 милиони бездомни животни во светот оставени на милост и немилост на наводно супериорната раса на планетава.

Мене срцето ми се крши секој ден одново гледајќи го односот кон бездомните животни особено тука кај нас.

Имаат емоции, чувствуваат болка и единствено што бараат е љубов! 💛

Престанете да ги игнорирате, тие немаат никој друг на светов освен нас "супериорните". 😭

Вдоми, не купувај!!!

Јас ја вдомив мојата Хани и е исто прекрасна како и секое мало бело и слатко кученце. 💛🐾

Во меѓувреме, и покрај тоа што сум спасила стотици бездомни животни, ветувам дека никогаш нема да се откажам од нив во рамки на моите можности. 💛🐾

Шепастите го заслужуваат најдоброто!

Бањат Yoda 💛🐾😆Иако е лут, преубаво мириса, а шепите се премеки уште од прво мачкање. 🐶🐾Ако сакате и вашиот миленик да из...
28/03/2022

Бањат Yoda 💛🐾😆

Иако е лут, преубаво мириса, а шепите се премеки уште од прво мачкање. 🐶🐾

Ако сакате и вашиот миленик да изгледа прекрасно како Yoda, кој е најновиот член на Хепи Заедницата, време е да си нарачате од органските купки и органскиот балсам за шепи. 💫🐾

Ве очекувам во порака. 💛

Хепи ден на сите. 🐾🤗

Проверете го шепите денес!Треба да се темна боја и треба да се меки...Ако не се такви, јас го имам решението, а тоа е ор...
24/03/2022

Проверете го шепите денес!

Треба да се темна боја и треба да се меки...

Ако не се такви, јас го имам решението, а тоа е органскиот балсам за шепи направен со љубов за Шепастите. 💛

Нарачки во ДМ. 🐶

Убав и Шепаст ден на сите 🤗💛🐾

Миленикот е дел од семејството!Грижата за миленикот не се состои само од хранење и шетање, туку е многу повеќе од тоа. 🙃...
14/03/2022

Миленикот е дел од семејството!

Грижата за миленикот не се состои само од хранење и шетање, туку е многу повеќе од тоа. 🙃

Навистина е важно да внимавате со што ќе го негувате миленикот, зашто комерцијалните шампони и купки може да придонесат за развој на сува кожа и првут, поради парабените и детергентите кои ги содржат. 🙄

Органските масла делуваат благотворно во секој поглед кога се работи за нашите Шепасти, без разлика дали ги користите за нега или како суплементи на редовната исхрана. 💛

Затоа ја направив оваа козметика, да ги заштитиме милениците на природен начин. 🐾🤗💛

Хепи Шепи балсам - 390 денари
2 Хепи Купки - 290 денари
5 Хепи Купки - 590 денари
Хепи Спа Пакетче - 590 денари

Нарачки во ДМ. 🐶

Убав и Шепаст ден на сите 💛

Нега на миленикот? Секако 🤗Прочитајте ги причините кои ги наведов и нарачајте си во порака!Вашите Шепасти ќе уживаат 💛
09/03/2022

Нега на миленикот? Секако 🤗

Прочитајте ги причините кои ги наведов и нарачајте си во порака!

Вашите Шепасти ќе уживаат 💛

Хепи Спа Пакетче за 500 денари! 💛Изненадете ги најблиските кои имаат миленик со најдобрата органска козметика. 🙃Ова Паке...
06/12/2021

Хепи Спа Пакетче за 500 денари! 💛

Изненадете ги најблиските кои имаат миленик со најдобрата органска козметика. 🙃

Ова Пакетче е одличен подарок за под елка и за вашиот миленик, така што искористете ја оваа шанса што поскоро и нарачајте си прекрасни производи по промотивна цена!

Нарачки во порака. 🐶

Убав и Шепаст остаток од денот. 🐾

Балсамот е полн погодок! 💛Кога?💛 Кога шепите на миленикот се испукани и рапави💛 Кога кожата на носето на миленикот е сув...
03/11/2021

Балсамот е полн погодок! 💛

Кога?

💛 Кога шепите на миленикот се испукани и рапави
💛 Кога кожата на носето на миленикот е сува и треба да се обнови
💛 Кога сакате да залечите површинска раничка на кожата на миленикот
💛 Кога сакате да му подарите уникатна и органска нега на миленикот
💛 Кога сакате да прославите роденден на вашиот или миленикот на пријателите
💛 Кога температурите надвор се екстремно ниски или екстремно високи

Цената веќе ви е добро позната, а можете да си нарачате во порака, нема да згрешите. 🐶

Убав и Шепаст ден, драги мои 💛🐾

𝕎𝕖𝕝𝕔𝕠𝕞𝕖, 𝕋𝕠𝕓𝕪! 💛Тоби вака ужива после третманот на шепите. 🤗🐾💛Тој е најновиот Шепаст член на Хепи Заедницата. 🤗Ексклузив...
28/10/2021

𝕎𝕖𝕝𝕔𝕠𝕞𝕖, 𝕋𝕠𝕓𝕪! 💛

Тоби вака ужива после третманот на шепите. 🤗🐾💛

Тој е најновиот Шепаст член на Хепи Заедницата. 🤗

Ексклузивната нега на милениците е есенцијална за нивното здравје и среќа. 💛🐾🌱

Подарете му вакво уживање на својот миленик за само 390 денари. 🐶

Нарачајте си балсам во порака. 💛

Кој сака Хепи Спа Пакетче може да си го нарача за 590 денари. А што содржи можете да ме прашате во било кое време. 🤗

Убав и Шепаст остаток од денот. 🐾

Address


Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Хепи Шепи posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Хепи Шепи:

Videos

Shortcuts

  • Address
  • Alerts
  • Contact The Business
  • Videos
  • Claim ownership or report listing
  • Want your business to be the top-listed Pet Store/pet Service?

Share