Brekkies Pet Food Macedonia

Brekkies Pet Food Macedonia Brekkies е дел од Affinity Petcare. Моментално, сме водечка прехранбена компанија за миленици во Шпанија, додека го заземаме петтото место во Европа.

04/02/2022

Намалување од 15% на целиот асортиман на Brekkies во 5Центар!🤩🤩
Brekkies е комплетна и избалансирана храна, неверојатно вкусна на која миленициите не можат да и одолеат, со мешавина на вкусови(говедско, пилешко, јагнешко месо, риба), специјални текстури и форми.

Кога велиме дека Brekkies е комплетна и избалансирана храна, мислиме дека на вашето милениче му ги обезбедува сите хранливи материи што му се потребни секојдневно за да
биде здраво и витално.
Ве очекуваме во 5Центар!🙋‍♀️🙋‍♀️

👉Сите кои не сте во можност да не посетите порачка можете да направите на нашата онлајн продавница 5hop.mk. https://bit.ly/3IWFCJZ

BREKKIES - ➡️Неверојатно вкусна храна за домашни миленици на која миленициите не можат да и одолеат, со мешавина на вкус...
17/10/2020

BREKKIES - ➡️Неверојатно вкусна храна за домашни миленици на која миленициите не можат да и одолеат, со мешавина на вкусови (говедско, пилешко, јагнешко месо, риба), специјални текстури и форми. 😋

12/09/2020
Мачката има 32 мускули на секое уво, за да и помогнат подобро да Ве игнорира 😉Уживајте во викендов!!!🐾Тимот на BREKKIES ...
29/08/2020

Мачката има 32 мускули на секое уво, за да и помогнат подобро да Ве игнорира 😉

Уживајте во викендов!!!🐾
Тимот на BREKKIES 😻🐈🐾

"Едно маче секогаш води кон уште едно маче" -Дали се согласувате со изјавата на Е.Хемингвеј?Колку крзнени топчиња го раз...
22/08/2020

"Едно маче секогаш води кон уште едно маче" -
Дали се согласувате со изјавата на Е.Хемингвеј?
Колку крзнени топчиња го развеселуваат Вашиот дом? 😻🐱😉

Бањањето на миленикот е голем предизвик за сите сопственици!!!Какво е Вашето искуство???💦🐕😉
15/08/2020

Бањањето на миленикот е голем предизвик за сите сопственици!!!
Какво е Вашето искуство???💦🐕😉

Имајте убав викенд и останете безбедни!
08/08/2020

Имајте убав викенд и останете безбедни!

Уживајте во престојниот викенд во друштво на Вашите миленици!Тимот на BREKKIES 🐾🌞🌺
10/07/2020

Уживајте во престојниот викенд во друштво на Вашите миленици!
Тимот на BREKKIES 🐾🌞🌺

05/06/2020

Мислиме на Вас и вашите миленици... достава и за време на полициски час!
Одберете Brekkies храна соодветна за вашиот миленик и добијте маска на подарок! Достапно и во: Pet Shop Zoo-Pet Market PET Expert Pet shop Grooming Arina Skopje .... и наскоро во многу други ветеринарни абмуланти и пет шопови!
За повеќе информации контактирајте не со порака.

23/05/2020

Забавувајте се викендов со BREKKIES...
Мислиме на вашите миленици... имаме достава до дома и за време на полициски час! ♥️

Brekkies е бренд што му припаѓа на AFFINITY, компанија со повеќе од 40 години историја и искуство во хранење мачки и куч...
02/05/2020

Brekkies е бренд што му припаѓа на AFFINITY, компанија со повеќе од 40 години историја и искуство во хранење мачки и кучиња. Нашите рецепти се совршено формулирани и ги опфаќаат сите хранливи потреби на вашето куче или мачка, и ги исполнуваат сите стандарди утврдени со европското законодавство и од FEDIAF (Европската федерација на храна за домашни миленици).

Специјален 10% попуст на храната на мачки од програмата на Brekkies во Pet shop Grooming Arina Skopje
22/04/2020

Специјален 10% попуст на храната на мачки од програмата на Brekkies во Pet shop Grooming Arina Skopje

17/04/2020
Мислиме на вашите миленици!Доколку не сте успеале да набавите храна за вашето куче или маче пред да започне 60 часовниот...
10/04/2020

Мислиме на вашите миленици!

Доколку не сте успеале да набавите храна за вашето куче или маче пред да започне 60 часовниот карантин, не грижете се...
Brekkies ќе ви достави храна до вашиот дом!
Имате дополнителен 10% попуст доколку купите цело пакување од 15кг или 20кг.

Контактирајте не со порака...

https://www.affinity-petcare.com/brekkies/es/asi-es-brekkies

Brekkies Ви нуди дел од активностите кои може да ги имате со вашите деца и миленици додека сте во изолација. И поминувањ...
20/03/2020

Brekkies Ви нуди дел од активностите кои може да ги имате со вашите деца и миленици додека сте во изолација. И поминувањето време дома може да биде забавно!

🛑 Играње криенка!

Многу кучиња ја сакаат оваа игра, како и децата! Започнете со тоа што вашето дете ќе го научи кучето да остане и да седи на едно место, користејќи ги основните команди. Потоа, Вие или детето треба да му наредите на кучето да седи и чека додека вашето дете се крие некаде низ куќата. Од безбедно место за криење, може да се повика кучето и да се чека да ги пронајде! Оваа вежба е забавна за сите, а може да се прави без ваша вклученост. Плус, помага за зближување помеѓу децата и милениците!

🛑 Развивајте ги триковите!

Уште еден одличен начин за подобрување на врската помеѓу вашето дете и милениче. Една од најдобрите игри за ментален стимул, која научно е докажано дека ги подобрува нивните когнитивни способности. Доколку Вашиот миленик веќе ги познава основните трикови, Вашето дете може да започне да импровизира и да го учи на нови, интересни трикови! Кучињата може брзо да научат да прават здраво и да се превртуваат. Што уште може да научат? Бидете креативни и откријте заедно!
Ви посакуваме одлична забава!

🛑 Гледајте филмови со животни!

BREKKIES Ви препорачува листа со филмови за Вас и вашите најмили!

1. 101 Dalmatians

Дали знаевте дека 101 Далматинци е создаден во 1961 година? Се уште е еден од омилените цртани филмови на сите нас, мали и големи J

2. The Fox and the Hound

Приказна за необично пријателство помеѓу куче и лисица. Не пропуштајте!

3. The secret life of pets

Се прашувате што прават вашите миленици додека не сте дома? Препуштете се на неодоливо патување со овој анимиран филм, кој има и втор дел.

4. The call of the Wild 2020

Храброста и лојалноста се едни од најдобрите карактеристики кои ги поседуваат кучињата. Потсетете се на кучето-херој Бак и романот на Џек Лондон и препуштете се на снежна авантура!

⭕️ Сигурно се запрашувате што да правите со Вашиот миленик за време на карантин?Доколку е потребно миленикот да минува в...
17/03/2020

⭕️ Сигурно се запрашувате што да правите со Вашиот миленик за време на карантин?

Доколку е потребно миленикот да минува време надвор, гледајте прошетката да биде кога нема многу луѓе. При прошетка, ако се сретнете со некој познаник или друго милениче, кое на вашето куче му е драго, поздравете се оддалеку! Никој нема да се налути, сепак, овој период е привремен.
Избегнувајте ги сите контакти, со луѓе и животни, што е можно повеќе❗️

Често миете раце! По прошетка, задолжително миете ги шепите на Вашиот миленик. Не заборавајте, хигиената е половина здравје! 💯

Снабдете се со доволно храна и грицки, како и санитарен песок за вашите мачиња, за да не мора да излегувате надвор и за да ги намалите контактите со луѓе.

⭕️ Доколку самиот сопственик мора да биде во изолација, што со вашиот миленик?

Пребарајте ги сите стационари за миленици кои се во вашата околина, доколку имате потреба, да бидете обезбедени.
Известете ги вашите блиски роднини/пријатели за можноста за чување на вашиот миленик доколку Вие нема да можете. Убаво би било миленикот да го чува некој што веќе го познава.
Осигурајте се дека сите вакцини се навремено аплицирани, како и заштитата против болви и крлежи!

Доколку имате прашања за здравјето на миленикот, прво исконтактирајте го матичниот ветеринар по телефон. Сепак, доколку е неопходно, имајте на ум дека ветеринарните клиники работат, како дел од здравствениот систем.

Совети за среќни кучиња за време на самоизолација 😷Менталната стимулација е одличен начин да го задржите вашето куче заф...
14/03/2020

Совети за среќни кучиња за време на самоизолација 😷

Менталната стимулација е одличен начин да го задржите вашето куче зафатено. Ќе можете да го одржувате вашето куче среќно со други активности сè додека не можете да гo однесете надвор за вообичаените прошетки.

🔹Направете играчка за хранење на вашето куче налик KONG, или загатки за храна кои ќе ги замислат. Еве неколку насоки:
https://www.youtube.com/watch?v=1X68f6qXuLE
https://www.youtube.com/watch?v=qST04RqyE28

🔹Играјте, играјте, играјте! Повеќето кучиња сакаат да ви ја донесат топката откако ќе ја фрлите, или пак да влечат нешто што вие држите.

🔹Учење на нов трик или команда е одлична ментална стимулација за куче. Извадете ги нивните омилени грицки и обидете се да ги научите да мавтатаат со шепата, да седнат, легнат или превртуваат.

🔹Натерајте ги да душкаат - работата со мириси може да биде одличен начин да ги задржите зафатени со векови! Сокријте грицки околу околу куќата и испратете ги во потрага по нив. Ова може да биде одличен начин да им ги служите нивните оброци!

🔹На youtube.com можете да најдете различни видеа со музика и звуци кои ќе го релаксираат вашето куче.

🔹Ако нешто ве загрижува околу здравјето на вашето домашно милениче за време на самоизолацијата, повикајте го вашиот ветеринар за совет по телефон, но не ја посетувајте ветеринарната амбуланта лично.

Изберете Brekkies Junior за мачиња!
11/03/2020

Изберете Brekkies Junior за мачиња!

Сите знаеме дека нашите миленици обожаваат храна! Сакаат долги прошетки, игри и мноогу гушкање! Што најмногу сака Вашиот...
06/03/2020

Сите знаеме дека нашите миленици обожаваат храна! Сакаат долги прошетки, игри и мноогу гушкање! Што најмногу сака Вашиот миленик? 🐾
Нашата дневна рутина се состои од следниве активности 👇

За добар почеток на денот – изберете BREKKIES! ☀️Велат дека будењето со (од) миленик во домот е најдобриот аларм! ⏰ Голе...
03/03/2020

За добар почеток на денот – изберете BREKKIES! ☀️

Велат дека будењето со (од) миленик во домот е најдобриот аларм! ⏰
Голем број на миленици утрото ги асоцира на храна! Тие дури и се обидуваат да ги разбудат сопствениците со лаење или мјаукање, грицкање по нозе, лижење на лице, влечење на ќебе, гребење на врата итн. 🐾🥰
Секој миленик има свој начин на алармирање кога е гладен. Која е вашата утринска рутина? 🤔

Дали и Вашите кучиња сакаат прошетки по дождот? ☁️🌧
28/02/2020

Дали и Вашите кучиња сакаат прошетки по дождот? ☁️🌧

Кучињата и мачките може да развијат невообичаено пријателство! 🥰Се верува дека колку се помлади и двете животни, толку п...
25/02/2020

Кучињата и мачките може да развијат невообичаено пријателство! 🥰
Се верува дека колку се помлади и двете животни, толку поголеми се шансите за спријателување. Веќе ни е познато дека нашите миленици се социјални животни, што значи дека им е потребно време за запознавање и доживување на позитивни искуства! 🐾

Знаеме дека мачките се територијални животни, па што доколку сакате да вдомите и куче? 🤔На почетокот, многу е важно кога по првпат се претставуваат, кучето да биде во раце или на ланец додека, мачката да има слободно движење. Доколку мачката доживее стресна ситуација или се чувствува загрозено, ќе има можност да се скрие.
Не се откажувајте по првата неуспешна интеракција! Евентуално, мачката ќе покаже љубопитност и ќе сака да го намириса својот нов пријател. 🐶

Имајте трпение и запаметете, храната секогаш зближува! BREKKIES е тука за Вас и Вашите миленици.

Дали кучињата сонуваат? 🤔Како сопственици, многупати ги имате забележано неодоливите и слатки поспани положби на вашите ...
21/02/2020

Дали кучињата сонуваат? 🤔

Како сопственици, многупати ги имате забележано неодоливите и слатки поспани положби на вашите миленици. Додека спијат, можеби сте чуле звуци или сте виделе движење со екстремитетите, како да пливаат. 🐶

Научно е докажано дека луѓето сонуваат, односно електричните импулси во мозокот се активни за време на спиењето. Дали знаевте дека и нашите крзнени пријатели влегуваат во фаза на спиење, позната како РЕМ фаза (Rapid Eye Movement) ?

Во оваа фаза, вашето куче започнува побрзо да ги движи очите. Ова може да го забележите со набљудување на нивните очни капаци. Интересен е фактот што научниците веруваат дека во оваа фаза од спиењето, кучињата сонуваат! 🌙

Додека Вашиот миленик е се' уште во развој, од голема важност е правилно да се пристапи кон неговиот процес на учење. 🐾Н...
18/02/2020

Додека Вашиот миленик е се' уште во развој, од голема важност е правилно да се пристапи кон неговиот процес на учење. 🐾
Научно е докажано дека награда наместо казна позитивно влијае врз когнитивните способности на животните. Што е подобро за награда од храна? 😋
Доколку сакате миленичето да Ви е послушно и да го научите на основни трикови, ние нудиме едноставно решение - Brekkies! Бидете упорни, но и забавни.
Вашите сесии за тренинг се препорачува да не бидат подолги од 10 минути!🕔

Happy Valentine's Day
14/02/2020

Happy Valentine's Day

☁️🌥⛅️🌤☀️
11/02/2020

☁️🌥⛅️🌤☀️

Дали знаевте дека мачките имаат кисела рН вредност во урината? [Опсегот им е околу 6.2 до 6.4.]  🧐🔴   Доколку се промени...
07/02/2020

Дали знаевте дека мачките имаат кисела рН вредност во урината? [Опсегот им е околу 6.2 до 6.4.] 🧐

🔴 Доколку се промени рН вредноста, се зголемува можноста за создавање на кристали [струвити] или нам познати како камења, кои се таложат во уринарниот тракт. Истите може да предизвикаат непријатност и да доведат до посериозни проблеми за кои е потребна консултација со ветеринар.

🔴 За да се одржи здравјето на уринарниот тракт, на мачките им е потребна храна што помага да се задржи нивото на рН. Brekkies Urinary Care содржи правилен баланс на витални хранливи материи и нуди поддршка за здравјето на уринарниот тракт. Секогаш е подобро да се спречи, отколку да се лечи!

Изберете мудро, изберете Brekkies Urinary Care!

BREKKIES JUNIOR😋Во периодот неспоредно по одделување од мајката, кога престануваат да цицаат млеко, за младите животни е...
04/02/2020

BREKKIES JUNIOR😋

Во периодот неспоредно по одделување од мајката, кога престануваат да цицаат млеко, за младите животни е од голема важност да започнат да се хранат со високо квалитетна и комплетно избалансирана храна.

Brekkies junior нуди се’ што им треба на вашите кученца и мачиња да пораснат во здрави и среќни миленици.🐕🐈
За правилен раст и развој на Вашиот миленик се неопходни квалитетна исхрана, добар сон и мнооогу игра!
Изберете квалитет, изберете Brekkies!📣

Address

Скопје

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Brekkies Pet Food Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category

Nearby pet stores & pet services


Other Pet Services in Скопје

Show All

You may also like