Среќни Шепи - Happy Paws

Среќни Шепи - Happy Paws �The dogs can't speak and stand for theirself
That's why we are here!�

Здраво на сите! Ова е трет пат како се обраќам за помош на ова кученце во овие две години. Првиот пат го запознав во Кич...
02/07/2024

Здраво на сите! Ова е трет пат како се обраќам за помош на ова кученце во овие две години. Првиот пат го запознав во Кичево кога дојде да се скрие претепано до смрт. Кога побарав помош за да се превземе, затоа што бев трудна па неможев сама да го кренам, бев одбиена од страна на здружението во Кичево, на своја рака му дадов антибиотик за окото, некои капки, јадење и нешто против болки и оток, но само што ја доби терапијата избега од страв. Го барав недела дена, но немаше ни траг, таму кај што живеело и било тепано веќе не го гледале, по неколку месеци случајно сретнав објава кај една жена која очајно бара помош за две кученца кои и ги оставиле пред двор во Волково. Едно од кученцата беше ова, жената имаше напишано дека е плашливо, збунето и во болки и дека веќе некое време се грижи за него, но не може да го однесе на ветеринар ниту да го прибере кај неа затоа што има веќе 3 кученца од кои едното е многу територијално. Баравме помош и тогаш, но залудно. После година дена ситуацијата на кучето не е сменета, окцето е ви многу лоша состојба, плашливо е, многу лае и не дозволува допир по телото, не може туку така да се земе и однесе на ветеринар, жената има проблем и со одреден комшија кој го тепа и се заканува дека ке го убие. Ситуацијата е крајно алармантна, жената има проблем затоа што го храни, а на кучето му прети смрт и е секој ден тепано, окото му е во ужасна состојба и трпи големи болки, затоа ве молам за помош. На кучето му е потребна најверојатно операција, но прво мора да се обезбеди паста за успивање, за да биде однесено, прегледано, па да се превземе следен чекор, потребен ни е привремен дом каде би се сместило после операцијата или средства за пансион. Јас ве молам секој кој на било каков начин може да помогне да ми пише приватно или тука на постот или доколку познавате некој кој би сакал да помогне да го означите во коментар прекупотребна ни е помошта од вас овој пат! 🙏😢🫶

Ивона Мирческа
06/10/2023

Ивона Мирческа

03/09/2023
Здраво, мачињава се подаруваат на некој што вистински ќе се грижи за нив. Вкупно се три, две женски едно машко. Многу у...
22/07/2022

Здраво, мачињава се подаруваат на некој што вистински ќе се грижи за нив. Вкупно се три, две женски едно машко. Многу убава раса, меко долго влакно мајката е calico. Доколку сте заинтересирани и сакате да ги вдомите пишете ни ДМ 📨 🐈❤️

ВДОМИ И СПАСИ ЖИВОТ!Овие слатки маченца ги најдов фрлени во пакетче во сиот дожд вчера, беа четири едното од нив беше на...
13/06/2022

ВДОМИ И СПАСИ ЖИВОТ!
Овие слатки маченца ги најдов фрлени во пакетче во сиот дожд вчера, беа четири едното од нив беше на работ до смртта 😢 но успеав да го спасам 🥰 и сум пресреќна.
Мојата СОВЕСТ-што треба секој да ја има не ми дозволи да ги оставам на милост и немилост😡
Значи доколку некој е во можност и сака да има маченце кое ќе му го направи светот во поразновидни бои и ќе му пружи голема љубов🥰 слободно нека ми пиши.
Во Кичево а може и Охрид.

Драги наши, денес сакаме да Ве запознаеме со Кети 🐈❤Една мила девојка пред неколку дена на улица нашла напуштено преплаш...
03/08/2021

Драги наши, денес сакаме да Ве запознаеме со Кети 🐈❤
Една мила девојка пред неколку дена на улица нашла напуштено преплашено маченце и без двоумење одлучила да го спаси па го однела дома каде што маченцето ќе биде привремено сместено до вдомување 🐱💗
Кети е преслатко женско ангорче кое со задоволство би Ви го разврселило животот 🐈🤗🥰
Доколку сте заинтересирни за вдомување пишете ни во ДМ 📥💗

❤️🐾Со љубов Среќни Шепи🐾❤️

Драги наши, денес сакаме да Ве запознаеме со ова малечко кученце🐕❤️Како што и самото е преслатко така и името му е Орео ...
02/08/2021

Драги наши, денес сакаме да Ве запознаеме со ова малечко кученце🐕❤️
Како што и самото е преслатко така и името му е Орео 🍪🐕🤗
Доколку сте во потрага по верен, а воедно и пресладок крзнен пријател- Орео е вистински избор за Вас🐕🤗❤️
🐾Го добивате прочистен 🐾 🐕
🐾Пол: Машко
🐾 Доколку сте заинтересирани за вдомување пишете ни во ДМ 📥

❤️🐾 Со љубов Среќни Шепи🐾❤️

Преслатко маченце за вдомивање 🐱🏠Маченцето е од мајка ангорка, женско е и чувано е во домашни услови💕 Го добивате прочис...
05/07/2021

Преслатко маченце за вдомивање 🐱🏠

Маченцето е од мајка ангорка, женско е и чувано е во домашни услови💕
Го добивате прочистено од внатрешни и надворешни паразити.
Се вдомува исклучително кај вистински љубители 💕🐈🥰 🐱

🐾 Со љубов Среќни Шепи🐾

Украден е или изгубен златен ретривер на возраст од 6 месеци. Неговиот дом е кај ОУ Владимир Полежиноски, чипиран е и се...
18/06/2021

Украден е или изгубен златен ретривер на возраст од 6 месеци. Неговиот дом е кај ОУ Владимир Полежиноски, чипиран е и се одзива на името Бели. Ве молиме доколку имате некаква информација пишете ни, или доколку го забележите, задржете го и контактирајте не.

Да ви ја раскажеме приказната за двете братчиња ❤️Пред два месеци случајно во еден двор наидовме на две жални кученца, р...
02/06/2021

Да ви ја раскажеме приказната за двете братчиња ❤️
Пред два месеци случајно во еден двор наидовме на две жални кученца, речиси голи од кожната болест. Заѕвонивме во куќата и излезе сопственичката, жена во години која живее сама. Кога ја прашавме за кученцата, таа ни кажа дека пред една година враќајќи се од продавница, наишла на потресна глетка. Мајка со 7 мали кученца, отруени, само две од кученцата давале знаци на живот. Без размислување ги зела дома, им давала тоа што имала, активен јаглен, аналгин... За среќа, преживеале. Израснале во убави кученца, но им се појавила кожна болест. Госпоѓата ни кажа дека поради пандемијата не излегува од дома и дека порачува храна за нив по такси и дека не можела да ги носи на ветеринар. Ние се понудивме да помогнеме. Ги третиравме и после два месеци тие повторно се прекрасни кученца, со ново, светкаво и здраво крзно.
Дали знаете колку прекрасно се чувствуваме ние? Чувството е незаменливо. Си помогнал на безпомошен, на некој кој не може да каже што го боли, кој не може да одите сам на ветеринар, да си обезбеди храна.
Животните се единствените живи суштества кои доколку им помогнеш доживотно ќе ти бидат благодарни, ќе те сакаат безусловно и ќе се радуваат на секое ваше видување.
Пресреќни сме, заради ова е нашата борба, заради ова и ќе продолжи ❤️.
Ве гушкаат, Среќни Шепи

24/05/2021

Почитувани сограѓани, администратори и членови на групата “СТОП за хоророт што го трпат граѓаните на Општина Кичево од кучињата”.
Пред се’, ја поздравуваме иницијативата и напорите кои ги правите. Ние со оваа проблематика се занимаваме уште пред неколку години, но за жал не сме наишле на позитивен одговор и решение, но исто така не сме наишле ниту на поддршка, помош и масовност од граѓаните. Среќни сме дека овој пат групата доби масовна поддршка. Во минатото имаше иницијативи за помош, протести дури и се сними документарен филм. Комуникацијата со Општината за решавање на проблемот секогаш наидуваше на препреки, иако Општината секоја година исплаќа огромни суми за оштета поради напад од куче скитник. Покрај многуте, едно идејно решение беше да се зголемат сметките од ЈП Комуналец за симболична сума на пари кои би се искористиле за цел решавање на проблемот. Дури и самоиницијативно се изгради стационар со кратка поддршка од Општината, кој беше згаснат поради лоша логистика и немање поддршка од истата. Во секој случај кучињата скитници се реален проблем и покрај нападите од нив, граѓаните се загрозени и од пасивни влијанија како ширење на болести. Пред да ја напишеме објавата , си зедовме за право да прочитаме голем дел од коментарите во групата како друштво за заштита на животните во Кичево. Се најдовме затекнати од одделни коментари кои повикуваат на насилство и кои обвинуваат поединци или групи за хранење на животните. Мораме да признаеме дека ние храниме и помагаме со ветеринарни услуги на животни, кучиња скитници, мачки, птици и останато. Помагаме онаму каде што оптштеството и институциите затаиле. Во коментарите видовме дека идејни решенија не се прифатливи и кучињата напаѓале поради „територијалноста“ и хранењето. Има безброј примери каде што кучињата скитници се стационирани, никој не ги храни, а тие сепак се тука и во поедини случаи напаѓаат. Напаѓањето доаѓа од агресивноста која многу често се развива поради самите луѓе кои без причина ги малтретираат кучињата скитници. Можете да замислите колкав ќе беше бројот на напади ако кучињата скитници беа изгладнети, впрочем овие организации и поединци Ви помагаат Вам и на градот, а не’ Ви одмагаат. Ние како друштво заедно со Грифон Кичево ја даваме целосната поддршка на оваа група за конечно решавање на проблемот со кучињата скитници и би сакале да се вклучиме во оваа иницијатива. Има показатели дека Општината има добиено средства за изградба на стационар, кои треба да се проверат, но тоа ветување никако да се исполни. На крајот, нашата и Вашата цел се исти. Бидејќи останатите животни се понезависни, дури и корисни за околината, кучињата скитници да се тргнат од улиците на Кичево и да добијат соодветен и хуман третман, бидејќи во коренот на проблемот сепак се луѓето, сопствениците кои не се грижат и кои ги пуштаат на улица, а од кои страдаме сите. Казните треба да бидат насочени кон нив, а не кон животните. Се’ додека систематски не се реши овој проблем ќе го има одново и одново. Ние се вклучуваме во иницијативата и максимално Ве поддржуваме, со надеж дека овој пат навистина ќе има слух за ова и проблемот ќе се реши на олеснување на сите засегнати страни, граѓаните , Општината, кучињата скитници и друштвата за заштита на животните.

Со почит, Среќни шепи

Пред да се пофалиме со прекрасните работи кои ги добивме денес, мораме најпрво да кажеме дека сме многу горди и среќни ш...
04/02/2021

Пред да се пофалиме со прекрасните работи кои ги добивме денес, мораме најпрво да кажеме дека сме многу горди и среќни што оние коишто не поддржуваат и помагаат освен што се хумани, се и едни прекрасни, паметни, премногу талентирани и креативни. Ние сме пресреќни, затоа што не одбравте баш нас, што одбравте вашиот талент и креации да ги искористите за да ни помогнете нам, односно на нашите крзнени пријателчиња. Денес во соработка со одлучивме да ве изненадиме. Она што го добивме денес е одлично изработена дрвена рамка со суви цвеќенца, која ќе биде одличен украс на вашата масичка, полица и слично. Се работи за рачно изработен производ со многу љубов и таквите работи немаат цена со која може да го наплатиме трудот, талентот, вниманието и љубовта со која се изработени овие прекрасни украси, но со цел да им помогнеме на нашите крзнени другарчиња, одлучивме да направиме една мала аукција. Сигурни сме дека сите знаете за што станува збор, но сепак ке објасниме. Значи денешната аукција ја започнуваме со оваа прекрасна рамка и започнуваме со симболична цена од 300 ден, секој што е заинтересиран ќе може да напише во коментар под сликата сума за која сака да ја купи рамката, секако над сумата која е назначена (300 ден). Оној кој ќе понуди најмногу, ќе ја освои рамката и секако средствата одат за уличните животинки. Оваа акција е направена со цел да им возвратиме на оние кои донираат и помагаат во подобрување на благосостојбата на животот на бездомните животни. Фала ви неизмерно на љубовта, помошта, трудот, времето, поддршката и фала ви најмногу на довербата која ни ја укажувате секојдневно, ви ветуваме нема да ве изневериме!

Ве гушкаме сите 🥰 и аукцијата може да започне!

Шино ❤️Веќе ја знаете приказната за нашиот Шино. Претажна и прежална како и за многуте кученца кои завршиле на улица.Ден...
03/02/2021

Шино ❤️
Веќе ја знаете приказната за нашиот Шино. Претажна и прежална како и за многуте кученца кои завршиле на улица.
Денеска само сакаме да ви кажеме дека Шино е повторно здрав, се изборивме со анемијата, со кожната болест. Се капевме четири пати, се истретирамевме со Nexgard, уживаше во топла водичка и антибактериски и антисептички шампон а ние се боревме да не не направи лом кога ќе ги истресеше капките вода од него 🙄😊.
Шино има ново, бело и чисто крзненце и е преголемо радовче, спремно да најде вистински дом од каде нема да биде напуштен, каде ќе ја дава цела љубов што ја има во него. Стар е околу 1 годинка, здрав и многу, многу весел, исто каков што би бил вашиот дом доколку го вдомите.
До следниот наш пост, ве гушкаат Шино и Среќни Шепи ❤️🐾🐕

03/02/2021

Здраво другари, денес сакаме да ви се обратиме за помош! Нашите крзнени пријателчиња веќе 3 ден се гладни, односно недоволно нахранети. Нашите залихи, резерви на храна завршија пред 3 дена, последните парични средства кои ги имавме ги искористивме за неколку вреќи храна и за лекарства, затоа, доколку сте во можност ве молиме да ни помогнете , дали тоа ќе биде во вид на храна или средства на нас тоа не ни е воопшто битно, најбитно ни е кученцата да имаат по еден оброк во денот, доволно да преживеат. За жал се што можеме правиме, но сепак премногу се на број, а премалку храна што би можеле да им ја спремиме и однесеме на сите нив, ве молиме за помош, кученцата не можат да чекаат, во овие ладни денови, само оброкот може да ги спаси!

Ви благодариме,

Ве гушкаат Среќни Шепи ❣🤗🐾

Зебричка...толку многу љубов има кога ќе го изговориме ова име. Најпрекрасното куче, најмилата девојка, со најтажните оч...
27/01/2021

Зебричка...толку многу љубов има кога ќе го изговориме ова име. Најпрекрасното куче, најмилата девојка, со најтажните очиња кои не погледнале до сега. Кучето кое е родено на улица, а создадено да краси нечиј дом и да биде омилен член во семејството. Кучето кое го освојува секој што ќе и пријде. Кучето што од првиот ден се однесува како да е човек и не знае што е тоа улица и што е безчуствителност. Најпаметното суштесто што поминало се и сешто, а е преполна со љубов и разбирање.Нејзината приказна е толку тажна и толку комплицирана, што сигурни сме повеќето би се откажале и кренале раце од неа, но не и ние. Ние сме одлучни и сложни дека ова премило и препаметно кученце заслужува само најдобро и ништо помалку од тоа, а секако ние ќе се трудиме тоа да и го овозможиме. Кога ја запознавме беше анемично слабо кученце, со навидум не толку страшен проблем, поточно нејзината неухранетост, трет капак и стерилизација беа наша најголема грижа. Се додека не го приметивме отокот под очите и се додека не почна да има гушење, обилен секрет од носот и очите, отежнато дишење и голтање. Прими секаква терапија и после секое подобрување, ситуацијата знаеше да се влоши до толку, да дојде до гушење, крварење на нос и крвав исцедок од очињата. Зебра ја поврати својата килажа, но стана многу ранлива и мета на другите кучиња, кои константно ја давеа и ја оставаа гладна. Направивме еден куп испитувања и си доби соодветна терапија и недела дена престојуваше во ветеринарна амбуланта, за побрзо да закрепне. И закрепна, за да стане се полошо, додека и се радувавме, Зебричка ни се разболе уште повеќе, го изгуби видот и мирисот. Едно дождливо и ладно, утро барајќи ја, за да го добие својот оброк и терапија, лутајќи на секаде без никаква идеја каде би можела да биде, ја најдовме на сред улица како врне и е тотално слепа без никаква ориентација. Ја ставивме на суво и нахранивме, најдовме привремено сместување но на КРАТКО ВРЕМЕ, кај едни прекрасни луѓе, на топло со редовен оброк. Зебра веќе ги направи сите испитувања пред два дена и веќе си прима соодветна терапија која утре и завршува и веќе е доста подобра и видот се враќа, но за жал резултатите укажуваат на постоење на некој вид на канцер во организмот, кој го предизвикува сето ова. Среќна вест во сето ова е што може да се третира и излечи без операција, Зебра, а и ние заедно со неа добивме втора шанса, на која сме неизмерно благодарни. ИТНО ни е потребна вашата помош, на нашата принцеза и е итно потребен топол дом и љубов, затоа што Зебра не може да опстане на улица. Оние кои не можат да и го понудат својот дом, а сакаат да помогнат, ги замолуваме да донираат онолку колку што можат, лекарствата и самиот процес ке биде долг и многу скап. Без вас не можеме да успееме да и го пружиме на Зебричка животот кој го заслужува. Ајде да помогнеме животот да и се насмевне на Зебричка и тие шепи повторно да бидат среќни и трчкаат!!
Ве молиме за помош, затоа што стварно ни е потребна!!!

Сметка за донации:
250032000296813 Sparkasse banka
Со назнака за ЗЕБРА

Ве гушкаат Среќни Шепи ❣🐾🤗

26/01/2021

🚨️Хаска со ТУМОР🆘️
Драги наши, ИТНО ни е потребна ПОМОШ!!
На ова крзнено душиче очајно сме му потребни сите ние за да може да преживе🥺...
Да, уште една ХАСКА низ нашите улици, уште една душа која моли за помош💔🥺
Додека се мали на сите им се интересни, но кога ќе пораснат, посебно кога ќе се разболат завршуваат на улица...
Затоа пред да земете некоја раса на куче, добро информирајте се и размислете!

Оваа душа е сама, напуштена со огромен ТУМОР, со огромна болка и уште поголема тага во очињата 🥺 и оправдана не доверба кон луѓето!!!!

Ве молиме сите СПОДЕЛЕТЕ, не бараме никаква парична помош, само сакаме некое од големите здруженија да ја забележи објавата и конечно оваа душа да биде лекувана и згрижена❣🥺🐕

Хаски и ние сме ви бескрајно благодарни🐾🐕

Здраво другари,Денес имаме посебен повод за кој ви се обракаме, а тоа е благодарност. Ние денес сакаме да ви се заблагод...
22/01/2021

Здраво другари,
Денес имаме посебен повод за кој ви се обракаме, а тоа е благодарност.
Ние денес сакаме да ви се заблагодариме во име на Шино, Бела, Зебра, Фокси Волче, Опавче, Шуги, Меца, Буба, Гроф, Искра, Мече, Крувче, Друже, Лиска и сите останати, за сета ваша поддршка и љубов која ни ја пружувате и не мотивирате да одиме само напред. Овој пост е наменет за сите добри луѓе кои се со нас од самиот почеток, не бодрат, донираат, помагаат на секој начин. Фала ви што се грижите мешињата на овие палавковци да се секогаш полни, фала ви што во овие зимски денови ни помагате полесно да се справиме со студот, фала ви што ни помогнавте во лекување и многу битни операции, кои, без вас не би можеле да им ги овозможиме на многу кученца и заради кои денес безгрижно и среќно си продолжија да живеат и без кои исходот ке беше фатален, фала ви и во име на сите оние кои имаа проблеми со паразити и со посериозни кожни заболувања, а денес сето тоа е минато за нив, благодарение на вас. Она што го чуствуваме кога ке ги погледнеме резултатите кои ги постигнавме заедно со вас, за толку кратко време не може да се опише со зборови и не можеме да не бидеме емотивни и радосни што имаме прилика и можност на овие прекрасни суштества да им го подобриме животот толку, колку што е тоа можно. Тоа беше се за денес од нас, еден мал знак на внимание и благодарност за вашата помош и поддршка и секако се надеваме дека тоа нема да застане тука и ке бидете уште побројни! За сите оние коишто сакаат да помогнат, а немаат можност тоа да биде финансиски или со храна, Среќни Шепи имаат потреба од волонтери на терен, кои ќе ни помагаат со хранење во одредени делови во градот кај што не стигнуваме ние, секако ќе бидат обезбедени со храна, единствено нешто што ви треба е да го правите тоа со љубов и добра волја. Заинтересираните нека ни пишат во инбокс .🤗✌

До следно слушање, ве гушкаат,
Среќни Шепи ❣🐾❤

Address

Kicevo

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Среќни Шепи - Happy Paws posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Среќни Шепи - Happy Paws:

Videos

Share