25/10/2024
MKPETNET.com стана член на EUROPETNET интернет платформата на европски бази за домашни миленици
Почитувани,
Ни претставува посебно задоволство да Ве информираме дека платформата „МК – мрежа на домашни миленици“ стана член на EUROPETNET https://www.europetnet.org интернет платформата на европски бази за домашни миленици.
Со внесување на бројот на микрочип од вашиот домашен миленик на следниот линк https://www.europetnet.org/pet-id-search.html ќе имате можност интегрирано да го потврдите вашиот идентитет како сопственик на домашен миленик верифициран од ЕУРОПЕТНЕТ.
Како сопственик на домашен миленик преку вашето членство во „МК- мрежа на домашни миленици“ Ви се овозможува информаците за вашиот миленик интегрирани со потребните податоци за здравствениот статус, расата, возраста полот и благосостојбата на животното да бидат достапни во голем број европски меѓусебно поврзани бази на податоци за сопственици вдомувачи и продавачи на домашни миленици. Воедно доколку вашиот миленик го носите во некои од европските земји преку EUROPETNET ќе можете полесно да ги поминете граничните формалности или да направите промена на сопствеништво.
Дополнително, многу значајна е и можноста на сопствениците брзо да се обединат со своите миленици во случај да се изгубат додека се во странство. Нашиот систем автоматски ја обновува базата на EUROPETNET за изгубени миленици во странство по нивна пријава на нашата платформа.
Зачленувањето во EUROPETNET за Нас преставува значаен чекор во остварувањето на нашите цели да обезбедиме информации за потенцијалните сопственици на домашни миленици од аспект на одгледувачките практики здравствениот статус и благосостојбата на животните.
На овој начин „МК-mkpetnet“ дава можност преку транспарентен систем сопствениците, одгледувачите и продавачите на домашни миленици да се регистрираат пред да преземат било какво огласување рекламирање, продажба или трговија, со тоа воведуваме заштитни мерки за идните сопственици на домашни миленици со што сакаме да ја истакнеме обврската да делуваат како одговорни сопственици.
Со почит,
Тимот на MKPETNET.com