05/01/2024
Папагалот наречен козица е член на фамилијата папагали кои што во главно преставуваат тропски птици карактеристични по колоритните пердуви.
Оваа птица во Нов Зеланд земјата од каде што и потекнува се нарекува Какарики, додека пак во Македонија популарно е наречена Козица, поради звуците кои ги испушта.
Овие птици се поделени на два вида, жолто и црвено чели папагали. Црвено –челите папагали се поголеми од жолтите.
Козиците можат да бидат светло зелени или пак светло жолти. Тие се карактеризираат со впечатливо црвено обоено чело т.н. црвена круна, а кај зелените козици има мала нијанса на сино - виолетова боја на крилјата.
Сепак постојат неколку видови на мутации на боите кај овие птици, како на пример циметно-зелени, сини и др.
Во последно време оваа раса е доста популарна помеѓу одгледувачите така и помеѓу обожавателите на птици, пред се поради фактот што овие птици лесно се аклиматизираат и се доста активни.
Како и останатите видови на папагали, козиците се хранат претежно со семе, просо, овес, канаринско семе, сончоглед, коноп, а истата има потреба и од овошје и зеленчук, како на пример јаболко, морков, спанаќ и сл.
Исто така, во исхраната препорачливо е да се вметне варено јајце, мак и бисквити, како и минерали и разни витамини.
Испуштаат многу забавни и интересни звуци, дури знаат и да се хранат држејќи ја храната во едната нога, што ги прави уште позабавни и смешни.
Овие птици се добра препорака за идно домашно милениче за сите оние кои сакаат весели, разиграни и љубопитни птици, кои се во постојана интеракција со околината.
Целокупниот асортиман на производи можете да го видите во нашите продажни салони во Куманово и Скопје или пак на нашата онлајн продавница www.minizoo.mk.
"ПЕТ ШОП и Риболов" Скопје, ул. "Есперанто" бр.5, населба Порта Влае
Тел.: 02 205 0821, e-mail: [email protected]
"МИНИ ЗОО" Куманово, ул."Кирил и Методиј" бр.1,
Тел.: 071 316 968, e-mail: [email protected]
Повелете, Ви стоиме на располагање во секое време.