Veterinarna ambulanta "Niki vet" - Radovis

Veterinarna ambulanta "Niki vet" - Radovis Vi stoime na raspolaganje 24 casa "vo sluzba na zdravjeto na vasite milenici"

01/06/2024
05/01/2024

Denes slavime 26 godini od naseto postonje,da ni se mnozat !!!

26/10/2022

Да се потсетиме што се треба да се направи за вашиот миленик да биде заштитен од болести, кои доколку не се вакцинираат можат да бидат и фатални.
ВАКЦИНАЦИЈА
Редовната вакцинација на домашните миленици има огромно значење во превентивата против тешките заразни болести кои многу често можат да завршата фатално.Од овие болести заболуват младите и возрасните животни. Годишната вакцинација е воедно и шанса да се изврши комплетен клинички преглед и на време да се откријат потенцијалните здраствени проблеми
БОЛЕСТИ ПРОТИВ КОЈ СЕ ВАКЦИНИРА КУЧЕ
• Беснило
• Штенеќак
• Хепатитис
• Корона
• Парвовироза
• Заразна кашлица
• лептоспироза
1. Вакцинација на штенците
• Прва вакцина со 6 – 8 недели старост
• Ревакцинација 10 – 12 недели старост
• Ревакцинација - втора, 14 -16 недели старост
2. Вакцинација на возрасни кучиња
• Еднаш годишно
Вакцинација против беснило
За повеќе информации и корисни совети ви стоиме на располагање 24/7 на тел.броеви 070/247-015 и 070/319-293

Hrana za vasite milenici, pesok za macki so miris na bebeska pudra, lavanda i bez miris, rodendenski torti mali i golemi...
09/11/2021

Hrana za vasite milenici, pesok za macki so miris na bebeska pudra, lavanda i bez miris, rodendenski torti mali i golemi, ampuli i kaiski protiv bolvi i krlezi, pasta i cetka za zabi, pribor za prva pomos i uste bezbroj drugi proizvodi vo Veterinarna Niki-vet

16/09/2021
Сезоната на болви и крлежи е во полн ек затоа не чекајте, заштитете ги вашите миленици.Богат асортиман на секаков вид на...
20/05/2021

Сезоната на болви и крлежи е во полн ек затоа не чекајте, заштитете ги вашите миленици.
Богат асортиман на секаков вид на ампули и добро познатите каишки FORESTO , SCALIBOR i KILTIX ... Повелете ве очекуваме

Повторно во продажба шампонот TRIXI за бели кучиња
20/05/2021

Повторно во продажба шампонот TRIXI за бели кучиња

"Одговорно чувајте ги милениците. Нивното одгледување не е и не смее да биде само мода или забава. Вакцинирајте ги кучињ...
29/09/2020

"Одговорно чувајте ги милениците. Нивното одгледување не е и не смее да биде само мода или забава. Вакцинирајте ги кучињата и мачките и против беснило, така ќе го заштитите нивното, но и сопственото здравје. Вакцинацијата против беснило и обележувањето на милениците со микрочип се законска обврска. Тоа носи и обврски и одговорност, што значи дека сме одговорни и кон личното и кон здравјето на најблиските, но и кон општеството во целина."

30/06/2020
Povelete posetete ne
06/06/2020

Povelete posetete ne

За викенд домашните миленици ќе може да се шетаат три пати дневноЗа време на викенд ( сабота и недела), кога е на сила з...
10/04/2020

За викенд домашните миленици ќе може да се шетаат три пати дневно

За време на викенд ( сабота и недела), кога е на сила забраната и посебниот режим на движење на граѓаните во земјава, милениците ќе може да се прошетаат наутро од 8.00 до 8.30 часот и попладне од 15.00 до 15.30 часот и во вечерните часови, односно во временски период од 20,00 до 20.30 часот.

За време на забраната и посебниот режим на движење, сопственикот и миленикот не смеат да се оддалечуваат од домот подалеку од 100 метри од објектот во кој живеат. При прошетка на милениците, граѓаните треба да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се собираат во групи.

За време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на државата која стапи на сила од средата , во 16,00 часот, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и кои имаат домашни миленичиња (куче), од понеделник до петок ќе може милениците да ги изнесуваат надвор од своите домови за да ги прошетаат и да ги извршат физиолошките потреби и во вечерните часови, односно во временски период од 20,00 до 20.30 часот.

04/04/2020

Препорака за миленици
Со појавата на пандемијата на вирусот COVID-19, од особено значење е да се сочува не само личната хигиена, туку и хигиената на домашните миленици и просторот во кој тие престојуваат. За таа цел, потсетуваме на неколку генерални правила, до кои, особено во овој момент, треба да се придржуваат сопствениците на домашни миленици.

Садовите за храна и вода на домашните миленици треба секојдневно да се мијат, креветот на миленикот треба секојдневно да се чисти со правосмукалка, бидејќи истиот е магнет за собирање влакна од милениците, но и нечистотија која тие преку своето крзно ја внесуваат во домовите. Во исто време, од особена важност е сопственикот често да го пере креветот на неговиот домашен миленик, користејќи средства кои не се штетни за животните, а, кои истовремено обезбедуваат дека креветот е убаво измиен и дезинфициран, по секој директен контакт - (хранење, играње, чешлање) со домашниот миленик, задолжително треба да се измијат рацете со млака вода и сапун, сите играчки на домашниот миленик треба редовно да ги мијат за да се направи нивна дезинфекција и да се спречи тие да привлекуваат и бидат носители на штетни бактерии и мувли, по секоја прошетка, задолжително треба да се измијат шепите на миленикот со специјален шампон за животни, а редовно потребно е да се прави и дезинфекција на неговото крзно.

За да не се нарушат секојдневните рутини на домашните миленици, препорачливо е да бидат обезбедени доволни количини храна, вода, лекови и препарати за заштита на здравјето, со цел избегнување на честа посета на ветеринар заради нивна набавка, спречување на изложување на милениците и остварување на непотребен контакт со други лица.

Доколку за времетраење на пандемијата на COVID-19, домашниот миленик има потреба од итен ветеринарно – медицински преглед и/или третман, потребно е сопственикот прво телефонски да го контактира матичниот доктор по ветеринарна медицина, да го извести за тоа и да добие понатамошни упатства за постапување.

Во услови на пандемија со овој вирус, но и фактот дека животните и луѓето понекогаш можат да шират болести познати како зоонози, се препорачува луѓето кои се заболени од вирусот COVID-19, или сомнителните на оваа болест кои сево изолација, да го ограничат, односно да избегнуваат близок контакт со домашниот миленик и други животни и да обезбедат друго лице кое ќе води сметка за миленикот.
Доколку сепак тоа мора да го сторат, да одржуваат добри хигиенски практики, односно да носат маска за лице и ракавици.

Препорачливо е животните чии сопственици се болни од корона вирусот да се чуваат во затворен простор, колку што е тоа можно и да се избегнува контакт на животните со други домашни миленици.
Владата на Република Северна Македонија донесе одлука и ја измени Уредбата за ограничено движење со цел да им излезе пресрет на луѓето со домашни миленици.

Така за викенд за времетраење на полицискиот час (од 16,00 до 5,00 часот), сопствениците, ќе може да ги шетаат милениците од 20:00 до 20:30 часот, но, само до 100 метри оддалеченост од домот на сопственикот.

01/04/2020

Почитувани пчелари
Ве известуваме дека пописот за пчели е отворен од денес 01.04.2020 , поради состојбата со COVID-19 работиме со скратено време и тоа од 09:00 до 14:00
За било какви информации ви стоиме на располагање на телeфонските броеви: 070/247-015 и 070/319-293
Со почит В.А. Ники Вет

Голем избор на храни за вашите миленици во Ветеринарна Амбуланта НИКИ ВЕТ
09/11/2019

Голем избор на храни за вашите миленици во Ветеринарна Амбуланта НИКИ ВЕТ

13/05/2019

Veterinarna ambulanta "Niki vet" - Radovis

13/05/2019

Veterinarna ambulanta "Niki vet" - Radovis's cover photo

23/03/2019
Продолжен рокот за бесплатно микрочипирање на домашните миленици

Од 1 април аплицирањето на микрочипот ќе се наплатува по 200 денари од кога почнува да тече новиот рок за реализација на оваа акција, од страна на ветеринарните друштва ќе се наплатува апликацијата на микрочипот кој е бесплатен, услуга за која сопствениците на миленици ќе треба да платат 200 денари, а издавањето на пасочот за миленикот по 120 денари, додека самиот микрочип кој го обезбеди Агенцијата ќе биде бесплатен. Од 1 април, инспекциксите служби ќе изрекуваат и соодветни мерки доколку затекнат неидентификуван миленик. Казните за физичките лица се движат од 100 до 150 евра, а за правните лица илјада евра во денарска противвредност - посочи Атанасов на прес - конференцијата во Владата.
http://fva.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=1077%3Aprodolzen-rokot-za-besplatno-mikrocipiranje-na-domasnite-milenici&catid=72&Itemid=114&lang=mk&fbclid=IwAR0CC6S-g7xyLXBZqOftIGmP4Up-A1IpuoCoDiUtFxTQN1tMaZk2KWtlgPE

Агенција за храна и ветеринарство

19/03/2019
Од први април комунални инспектори на терен – казни за сопствениците кои немаат вградено чип на миленикот - KARIERA.MK

Ostanaa uste samo desetina dena za apliciranje na besplatni mikro cipovi ... dokolku ne ste go cipirale vasiot milenik vreme e da go storite toa sto pobrgu

https://kariera.mk/article/4429/od-prvi-april-komunalni-inspektori-na-teren-kazni-za-sopstvenicite-koi-nemaat-vgradeno-chip-na-milenikot?fbclid=IwAR3wpWnBH7UqcBhDNhWuNWUfO9KEsTl1knqGHP286hC4Ae0VqxN2drtGZnQ

Од први септември минатата година официјално започна кампањата за бесплатно микро чипирање...

12/09/2018
Veterinarna ambulanta "Niki vet" - Radovis

Veterinarna ambulanta "Niki vet" - Radovis

V.A. Niki Vet od 01.09.2018 god zapocna so apliciranje na besplatni mikro cipovi kaj kucinja i macki koja gi obezbedi Agencijata za hrana i veterinarstvo . Za podetalni informacii vi stoime na raspolaganje vo samata veterinarna ambulanta i na tel.br. 070/247-015 i 070/319-293

03/09/2018

V.A. Niki Vet od 01.09.2018 god zapocna so apliciranje na besplatni mikro cipovi kaj kucinja i macki koja gi obezbedi Agencijata za hrana i veterinarstvo . Za podetalni informacii vi stoime na raspolaganje vo samata veterinarna ambulanta i na tel.br. 070/247-015 i 070/319-293

Address

Blagoj Tufanov
Radovis
2420

Opening Hours

Monday 09:00 - 19:00
Tuesday 09:00 - 19:00
Wednesday 09:00 - 19:00
Thursday 09:00 - 19:00
Friday 09:00 - 19:00
Saturday 09:00 - 17:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Veterinarna ambulanta "Niki vet" - Radovis posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category


Other Radovis pet stores & pet services

Show All

You may also like