Veterinarna Ambulanta D-r Naletoski

Veterinarna Ambulanta D-r Naletoski Ние се грижиме за вашето милениче.🐶😺🦮

Во новиот пост ќе дознаете повеќе за Демодекс кај кучињата!🐕🐾За повеќе информации консултирајте се со вашиот ветеринар.
27/02/2025

Во новиот пост ќе дознаете повеќе за Демодекс кај кучињата!🐕🐾
За повеќе информации консултирајте се со вашиот ветеринар.

🩵🐾Се подарува Лаки на вистински сопственици, прочистен од внатрешни и надворешни паразити и ставени се сите вакцини.За п...
27/02/2025

🩵🐾Се подарува Лаки на вистински сопственици, прочистен од внатрешни и надворешни паразити и ставени се сите вакцини.
За повеќе информации контактирајте не!
📞 075 246 611

Пациент-Луна❤️Доколку вашето милениче не дозволува да се чешла и  да се отплеткува нивното влакно завршуваат на медицинс...
26/02/2025

Пациент-Луна❤️
Доколку вашето милениче не дозволува да се чешла и да се отплеткува нивното влакно завршуваат на медицинско шишање каде под нивното крзно може да се најдат кожни егземи, спурена кожа, рани и црвенила.
📞Закажете си преглед 075 246 611
⏰Понеделник-Петок 09:00 - 20.00 / Сабота 09:00 - 14:00

Пациент-🐕Aстра диагностицирана со Leishmania  Лајшманиоза кај кучиња – Опасност што не смее да се игнорира!Лајшманиозата...
24/02/2025

Пациент-🐕Aстра диагностицирана со Leishmania
Лајшманиоза кај кучиња – Опасност што не смее да се игнорира!
Лајшманиозата е тешка паразитарна болест која се пренесува преку убод од заразени мушички. Оваа болест може сериозно да го загрози здравјето на вашето куче ако не се открие навреме.
Главни симптоми:
🔸 Опаѓање на влакната и оштетена кожа
🔸 Губење на тежина и слабост
🔸 Крвавење од носот и ранички што не зараснуваат
🔸 Зголемени лимфни јазли
Превенција и заштита:
✅ Користете средства против инсекти (ампули, спрејови, огрлици)
✅ Избегнувајте прошетки во ризични зони навечер
✅ Направете редовни ветеринарни прегледи и тестирања

Здравјето на вашето куче е во ваши раце! Доколку забележите било какви симптоми, веднаш посетете ветеринар!

🐾🍼 Првите чекори кон здрав живот!Денес нè посетија две преслатки бебиња за својата прва вакцина! 💉❤️Редовната заштита е ...
21/02/2025

🐾🍼 Првите чекори кон здрав живот!
Денес нè посетија две преслатки бебиња за својата прва вакцина! 💉❤️
Редовната заштита е клучна за среќно и безгрижно растење.

📅 Закажете термин и грижете се за здравјето на вашето милениче!

🐹Бев многу умен, си ја повредив ногата и си добив преврска.😔
20/02/2025

🐹Бев многу умен, си ја повредив ногата и си добив преврска.😔

Симба за вакцина против беснило🐶💉
18/02/2025

Симба за вакцина против беснило🐶💉

Тројцата спакувани за ревакцина-тимски дух на максимум!🐶💉
10/02/2025

Тројцата спакувани за ревакцина-тимски дух на максимум!🐶💉

Џипи во исчекување да види дали он е на ред за контрола😺👀
07/02/2025

Џипи во исчекување да види дали он е на ред за контрола😺👀

Егземата кај кучињата е воспалително кожно заболување кое може да биде предизвикано од алергии, инфекции, паразити, стре...
06/02/2025

Егземата кај кучињата е воспалително кожно заболување кое може да биде предизвикано од алергии, инфекции, паразити, стрес или иритација од средината.
Видови егзема кај кучињата:
🔸 Влажна егзема (hot spots) – Остра, воспалена, влажна и често болна лезија што брзо се шири.
🔸 Сува егзема – Кожата станува сува, лушпеста и се јавува интензивно чешање.

Причини за егзема:
✅ Алергии (храна, полен, прашина)
✅ Надразнувачи од средината (шампони, хемикалии)
✅ Паразити (болви, грини)
✅ Бактериски или габични инфекции
✅ Хормонални или имунолошки нарушувања
✅ Стрес и анксиозност

Како се третира?

🔸 Посета на ветеринар за точна дијагноза
🔸 Локални креми и шампони за намалување на воспалението
🔸 Исхрана богата со омега-3 масни киселини за здрава кожа
🔸 Контрола на паразити и избегнување на алергени

Доколку забележите симптоми кај вашето куче, најдобро е веднаш да се консултирате со ветеринар за соодветна терапија! 🐶🩺

Грижа за вашето милениче со 20% попуст на биохемиски испитувања!🥰💞Во текот на целиот месец февруари, искористете -20% ПО...
04/02/2025

Грижа за вашето милениче со 20% попуст на биохемиски испитувања!🥰

💞Во текот на целиот месец февруари, искористете -20% ПОПУСТ на биохемиски испитувања и осигурете се дека вашето милениче е во одлична здравствена состојба.
✅Биохемиските анализи се клучни за рана дијагностика и превенција на здравствени проблеми. Не чекајте – закажете преглед денес!
📍 бул. Партизански одреди бр.151 Порта Влае
📞 075 246 611

Зошто е важен систематскиот преглед кај миленците?🐾🐶✅Рано откривање на здравствени проблеми✅Превенција од заразни болест...
03/02/2025

Зошто е важен систематскиот преглед кај миленците?🐾🐶
✅Рано откривање на здравствени проблеми
✅Превенција од заразни болести
✅Долгорочно подобро здравје и квалитетен живот на миленикот

Не го одложувајте прегледот!
Редовната ветеринарна нега е клучна за среќен и здрав миленик.💙

📲 075 246 611
📍 бул. Партизански одреди бр.151 Порта Влае

🐾Стерилизацијата е еден од најдобрите начини да се обезбеди здрав, среќен и долг живот на вашето милениче. Таа има бројн...
27/01/2025

🐾Стерилизацијата е еден од најдобрите начини да се обезбеди здрав, среќен и долг живот на вашето милениче. Таа има бројни предности за милениците, нивните сопственици и заедницата.🐶
👉За здравјето на милениците:
✅Спречување на одредени болести: Се намалува ризикот од рак на репродуктивните органи, инфекции и други здравствени компликации.
✅Подолг животен век: Стерилизираните миленици обично живеат подолго и поздраво.
✅Спречување на агресивно однесување: Намалена склоност кон тепачки или одбегнување дома кај мажјаците.
👉За сопствениците:
✅Помалку стрес: Нема потреба да се грижите за несакани бремености.
✅Полесно одржување: Помалку несакани инстинктивни однесувања како обележување територија.
📞Закажете си преглед 075 246 611
⏰Понеделник-Петок 09:00 - 20.00 / Сабота 09:00 - 14:00

Нашето најново храбро другарче Нато денеска ја доби својата прва вакцина!🐾💉
24/01/2025

Нашето најново храбро другарче Нато денеска ја доби својата прва вакцина!🐾💉

🥰Успешна операција за царски рез во нашата ветеринарна амбуланта кај нашата пациентка Трихи која се потруди, но сепак мо...
23/01/2025

🥰Успешна операција за царски рез во нашата ветеринарна амбуланта кај нашата пациентка Трихи која се потруди, но сепак мораше наша помош-царски рез.
Нашиот тим од искусни ветеринари, со грижа и посветеност, осигура сè да помине безбедно и успешно како за мајката, така и за нејзините младенчиња.👋
🫶Вашите миленици заслужуваат најдобра грижа – доверете ни го нивното здравје!
Доколку е потребна помош или консултација, посетете нè или контактирајте нè веднаш!
📞+389 75 246 611

👉За да се спречат многу опасни вирусни заболувања, навремената вакцинација е единственото решение. Да не дозволиме да ги...
13/01/2025

👉За да се спречат многу опасни вирусни заболувања, навремената вакцинација е единственото решение. Да не дозволиме да ги изгубиме нашите миленици-редовно да ги вакцинираме.
😻Борбената Лиска ја преброди кризата и го победи стомчниот вирус.🫶

👉Со навремената стерилизација на женките освен што ќе се спречи појавата на пиометра-гнојно воспаление на матката, исто ...
12/01/2025

👉Со навремената стерилизација на женките освен што ќе се спречи појавата на пиометра-гнојно воспаление на матката, исто и појавата на тумори на млечните жлезди.
Нашата храбра пациентка Франческа стара 12 год. го имаше тој проблем, но сега се осеќа полесна за 1,2 кг и посреќна.😀

Среќни божиќни празници! Вет Налетоски ви посакува многу здравје, среќа и мир на вас и вашето семејство✨
07/01/2025

Среќни божиќни празници! Вет Налетоски ви посакува многу здравје, среќа и мир на вас и вашето семејство✨

Address

БУлица Партизански одреди бр. 151 Порта Влае
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 20:00
Tuesday 09:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 20:00
Thursday 09:00 - 20:00
Friday 09:00 - 20:00
Saturday 09:00 - 14:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Veterinarna Ambulanta D-r Naletoski posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Veterinarna Ambulanta D-r Naletoski:

Videos

Share

Category