Пет Шоп Ѕуна

Пет Шоп Ѕуна ЅУНА -Продавница за вашите миленици.Се наоѓаме во населбата Кисела Вода, во ТЦ. Стара Рампа.

07/04/2024
10/02/2024

Отворен ден во ЈП Лајка оваа сабота 10.02.2024.

Животот да ти стане бајка – вдоми куче од Лајка!

Доаѓа викенд, временската прогноза предвидува убаво време, идеална можност да го посетите стационарот, доколку планирате да го проширите вашето семејство и вдомите куче. Ве очекуваме со нетрпение!
ЈП Лајка е во моментов времен дом на 105 кучиња, сите посебни по својот карактер, изглед и карактеристики. Но едно нешто важи подеднакво за сите – на секое бескрајно му треба љубов, семејство, дом.


- За вдомен миленик не плаќате ништо,
- Вашиот мелез е единствен и уникатен
- Вдомувајќи спасувате нечиј живот
- Добивате безусловна љубов и верен пријател
- Вашиот пример ќе биде поттик за некој друг!

Многумина не се доволно информирани за судбините на бездомните животни и причините зошто се на улица. Човекот како фактор, неодговорното сопствеништво, неконтролираното размножување и напуштање се примарен причинител за нивната прекубројност. Животните на улица се осудени на тежок живот, секојдневие исполнето со страв, трауми, глад, предвремена, најчесто насилна смрт. Но, хуманоста е „заразна“, а една позитивна приказна влијае и менува многу. Со вашата одлука вие спасувате еден живот, а притоа давате позитивен пример на сите останати. Благодарение на таквите, сè поголема е бројката на поединци кои вдомиле, ќе вдомат и ќе спасат живот и кои стекнале прекрасен, верен и уникатен пријател.

Нaшите вработени ви стојат на располагање за сите понатамошни консултации и појаснувања, откако ќе не контактирате на [email protected] или посетите.
Во меѓувреме на нашата Facebook страница можете да разгледате дел од нашите штитеници, објавени за вдомување.

Се гледаме во ЈП Лајка.

Конечно и кај нас 🥰Nature's Protection - Superior Care White Dogs - без житарици, е супер премиум комплетна и избалансир...
26/09/2023

Конечно и кај нас 🥰Nature's Protection - Superior Care White Dogs - без житарици, е супер премиум комплетна и избалансирана сува храна за бели кучиња од сите раси. Оваа храна содржи формула за отстранување на дамките од солзи, внимателно избрани сложени амино киселини и целосно избалансирани состојки во составот. Таа е збогатена со состојки кои обезбедуваат совршени перформанси за развој и благосостојба на миленикот. Комплетниот состав на сува храна за кучиња не само што ќе му ги обезбеди на вашето домашно милениче сите ефикасни хранливи материи, туку и ќе обезбеди совршена сварливост и вкусност.🐩☺

Пријатели, ново во нашиот пет шоп, маички со вашите миленици (може да ни испратите слика од вашето другарче), големини о...
10/07/2023

Пријатели, ново во нашиот пет шоп, маички со вашите миленици (може да ни испратите слика од вашето другарче), големини од S до 5XL , со избор од неколку бои, 100 % памук, цена 600 денари + карго или може да ги подигнете кај нас. За повеќе инфо во инбокс. 🐶🐱🐭🐹🐰

Address

Ulica Emil Zola 3
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 11:00 - 20:00
Tuesday 11:00 - 20:00
Wednesday 11:00 - 20:00
Thursday 11:00 - 20:00
Friday 11:00 - 20:00
Saturday 10:00 - 15:00

Telephone

+38970245744

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Пет Шоп Ѕуна posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Videos

Share

Category


Other Pet Supplies in Skopje

Show All

You may also like