Бездомни животни без граници - Strays without borders

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Бездомни животни без граници - Strays without borders

Бездомни животни без граници - Strays without borders Граѓанска асоцијација за згрижување и вдомување на бездомни животни во Македонија

Civic association for rescuing and rehoming stray animals and improving the animal welfare in Macedonia

27/02/2025
26/02/2025
26/02/2025
Споделете да се најде Зои 🙏
20/02/2025

Споделете да се најде Зои 🙏

19/02/2025

Скопските улици се преполни со бездомни кучиња, па граѓани од сите населби во градот се жалат дека не се чувствуваат безбедно особено во вечерните часови стравувај...

17/02/2025

ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ САШО ДРАНГО - МИЦКОСКИ УШТЕ ГО НЕМА РАЗРЕШЕНО

📍Политичката партија #Левица поднесе кривична пријава против заменик-директорот на „Македонија Пат”, Сашо Дранго, поради сторено кривично дело незаконит лов, казниво по член 238 ст.(4) од Кривичниот законик.

🔴Пријавениот во декември 2024 год., додека бил на лов, иако како ловец знаел или требало да знае дека согласно Законот за дивечот и ловството трајно е забранет ловот над мечките кои се класифицирани како дивеч под заштита и чиешто ловење е дозволено само со дозвола на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во исклучителни случаи, а за време на кривичниот настан Министерството нема издадено таква дозвола, но и покрај тоа уловил редок дивеч-мечка и воедно со истиот улов се фотографирал во знак на „триумф“.

❌Иако јавноста бурно реагираше после објавените фотографии на заменик-директорот од ДПМНЕ, скандалозно е што истиот сѐ уште не е разрешен од неговата функција. Иако и премиерот Мицкоски изјави дека не верува во верзијата која Сашо Дранго ја пласираше во јавноста, сепак пријавениот и понатаму врши јавна функција, со очигледно нарушен кредибилитет и углед во јавноста. Додека новата влада постојано ветува дека никој не смее да биде над законот, очигледно тоа не важи за кадрите на ДПМНЕ; кои “гордо” се сликаат при флагрантно вршење на кривично дело.

📣Левица ја повикува Владата што поскоро да го разреши пријавениот од функцијата заменик-директор на „Македонија пат”, наместо да го штити неговото дивеење. Дополнително, иако два месеци се изминати од кривичниот настан, јавноста нема никаква информација дали ОЈО-Битола поднело обвинителен акт против лицето Сашо Дранго. Сето ова укажува дека власта на Мицкоски сака да го забошоти овој случај и нивниот партиски кадар воопшто да не одговора. Левица будно ќе го следи овој случај со цел правосудните органи, под влијание на власта, да не се обидат да го заштитат заменик-директорот Дранго, кој дефакто е фатен во вршење кривично дело.

14/02/2025

Наместо хуман третман – нелегална дислокација на бездомни кучиња.
Кој, наместо да го реши проблемот со бездомните кучиња, само го префрла на друг?

Во последните години, со сè поголем интензитет, очевидци низ повеќе градови сведочат за појава што предизвикува загриженост: бели комбиња кои во раните утрински часови испуштаат цели чопори бездомни кучиња.
Дека ова навистина се случува, не мора да се биде очевидец – доволно е да се забележат групи од десетина дезориентирани кучиња кои не се обележани со маркици, панично се движат по булевари и очигледно пуштени во средина што им е непозната.

Овие кучиња најчесто не дозволуваат близок контакт, што укажува дека доаѓаат од средини каде немале човечки контакт или, пак, оној што го имале бил непријатен. Дополнително, тие се со голем раст, несвојствени за урбани средини, бидејќи во градовите ретко кој чува раси како кангали и шарпланинци, а сепак овие мешанци наликуваат токму на нив.

Дислокација во организација на институции?

Познато е дека одредени физички лица можат да пренесат куче од една во друга општина во рамките на неговиот град, ова што се случува е далеку поголема организација. Заловување и транспортирање цели групи на кучиња не е возможно без соодветна опрема, транспортен капацитет и логистичка поддршка. Која општина, кој град, кое прифатилиште го организира ова?

Пред два месеци, во Општина Битола беа пријавени бездомни кучиња со маркици од Општина Прилеп. Прифатилиштето во Битола залови неколку од нив и ќе поведе постапка.

Минатиот месец, во вечерните часови, бело комбе во сопственост на Општина Гостивар беше забележано како заловува кучиња, иако таа општина има договор со Ветеринарната станица Центар од Кичево. Каде завршија тие кучиња?

Минатата недела, по барање на бензинска пумпа во Гевгелија, кучиња беа дислоцирани во ненаселено место – шума, од страна на ЈПКД Комуналец – Гевгелија. И ова не е првпат. Кој ќе одговара за нарушувањето на екосистемот и загрозувањето на дивиот свет?

Дополнително, по гласини дека приватна ветеринарна амбуланта од Скопје врши нелегална дислокација на кучиња за приватни фирми, ја контактиравме претставувајќи се како правно лице. Без никаков проблем, ни беше понудено да дојдат и да ги дислоцираат кучињата „доволно далеку за да не се вратат“. Каде завршуваат овие кучиња?

Бараме итна реакција од надлежните институции!

Министерството за внатрешни работи да ги земе овие пријави посериозно, да побара увид во камерите и да санкционира ваквото загрозување на безбедноста на луѓето и животните.

Агенцијата за храна и ветеринарство да врши ригорозна контрола врз прифатилиштата и носителите на набавки за заловување, бидејќи според правилата, кучињата треба да се враќаат на местото каде што биле заловени.

ЗЕЛС да го дискутира овој проблем со општините и да преземе мерки против оваа нефер практика на префрлање на проблемот од една во друга општина, наместо спроведување на програмата „Залови, стерилизирај, вакцинирај и врати“.

Овој проблем нема да се реши со прикривање и префрлање на одговорноста. Ќе се реши само ако секоја општина без исклучок спроведува програма за хуман третман на бездомните кучиња, со цел трајно и одржливо решение – во интерес на животните и на луѓето!

23/01/2025

Во претрес во гостиварско пронајдени се четири кучиња кои се користеле за борби. БИРН истражуваше дека социјалните мрежи се преплавени од фотографии и видеа од борби со кучиња, но дека досега казни за страдањата на кучињата има само на хартија. Од 70-тина пресуди за мачење животни во изминатите пет години, само една е борба со кучиња. Прочитајте повеќе: https://bit.ly/Plateno-so-krv-nekazneta-brutalnost-na-borbite-so-kucinja

Уште еден живот одземен како резултат на неказнивоста во земјава 💔😔
08/01/2025

Уште еден живот одземен како резултат на неказнивоста во земјава 💔😔

Драги наши поддржувачи и пријатели

Со бесконечна тага и огромно разочарување ви соопштуваме дека по долга, неуморна, тешка и посветена борба за спасување на животот на Феликс, тој сепак нè напушти и си го најде конечно својот вечен мир.

Иако дојде со тешки повреди како сенка од куче, поразено од животот и од човечката бруталност и суровост, тој се бореше со сите можни сили, јуначки до самиот свој крај, давајќи ни верба дека можеби ќе успееме заеднички во оваа незвозможна мисија.

Од самото влегување на Феликс во нашето прифатилиште до денес, неговото заздравување беше неизвесно и променливо.

Покажуваше бројни подобрувања и влошувања на здравствената состојба, но за време на раните утрински часови Феликс доби напад кој за него беше фатален како резултат од многу здравствени компликации.

Во последните месеци од неговиот живот Феликс, за прват беше опкружен со љубов, грижа, топлина, најубава храна и радост. Првпат имаше шанса да почувствува како е да се биде сакано куче. За жал и последен.

Од срце сакаме да ви заблагодариме на сите вам кои бевте инволвирани директно или индиректно во приказната и животот на Феликс давајќа му ја сета потребна поддршка.
Феликс ќе остане симбол на борбеноста која ги обедини нашите граѓани, поттикнувајќи емпатија чие влијание сè надеваме дека долго ќе не обединува, а нејзината моќ ќе нè води сите нас кон креирање што поголема благосостојба на бездомните животни.

Браво за хуманите пожарникари 👏❤️❤️❤️
05/01/2025

Браво за хуманите пожарникари 👏❤️❤️❤️

Заменик директорот на Македонија пат и претседател на унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дрангок, втор во хиерархи...
02/01/2025

Заменик директорот на Македонија пат и претседател на унијата на ветерани во Демир Хисар, Сашо Дрангок, втор во хиерархијата во јавно претпријатие кој треба да биде пример за почитување на законите, а не сторител на кривични дела.

Оттаму, се отвора прашањето дали Дангов е недопирлив за правдата само затоа што е политичар и колку пати го има извршено овој монструозен чин?

Според член 11 од Законот за дивечот и ловството, мечката е класифицирана како дивеч под заштита, што значи дека нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането.

Дополнително, член 14 од истиот закон предвидува дека ловењето на мечката е трајно забрането, без исклучоци.
Според член 228 од Кривичниот законик, ловењето на дивеч под заштита, како мечката, е казниво со затворска казна од една до пет години.

Потенцираме дека цивилизиран човек е само оној кој има почит кон сите живи битија, а не оној кој ги деградира нивните живеалишта, им упаѓа во животната и природна територија и наоружан до заби убива.

Хуманите херои меѓу нас🧡Тера е едно бездомно кученце родено или исфрлено на улица кое преживувало некако цел живот. Нејз...
24/12/2024

Хуманите херои меѓу нас🧡

Тера е едно бездомно кученце родено или исфрлено на улица кое преживувало некако цел живот. Нејзината сторија не е многу поразлична од онаа на сите што сме ги спасиле, но е приказна која раскажува многу повеќе за луѓето во нашето општество.

Имено Тера била донесена во една скопска населба од човек кој пробал да ја тргне од место на кое што не била безбедна. Таа сиротка, видела некаква добрина и не се мрднала од новото место. Пресреќна со некои остатоци од храна Тера си живеела ден за ден, не очекувајќи многу од животот. Си живеела мирно, не напаѓала. Ги штитела тие што ја чуваат од други бездомни кучиња, ги штитела локалните мачиња од напади.

За Тера се грижеле неколку луѓе меѓу кои херојот кој практично и го спаси животот,
една прекрасна жена - Татјана. Татјана покрај секојдневното хранење и купила и куќарка само да има каде да се засолни во зимските периоди. И плетела и џемпери за да ја заштитат од студот. Не секој може да ги прибере сите кучиња дома, како што често ќе сретнете коментари од овие што мразат животни, но огромна почит имаме за тие кои во рамките на своите можност пробуваат да помогнат, да го направат тој мизерен уличен живот, барем малку подобар.

Од друга страна ги имате овие граѓани на кои што се им смета ако не е по нивен терк.
Како божем само тие живеат во градот и никој друг нема право да постои.
Прво исфрлаат куќичка што некој ја купил од својот скормен приход за да направи хумано дело, да помогне на живо суштество. Ги исфрлиле сите перничиња и џемперчиња…
Од ваквите (не)луѓе учат и најмладите, па не малку пати и деца доаѓале да ја шутираат и да го истураат својот бес врз мирната Тера, чиј единствен грев е што е родена.
Пробувајќи да спречат напади и насилство врз кучето, граѓаните со емпатија се исто жртви на тортура, емоционални уцени, закани…

И тие закани знаат да дојдат и од луѓе кои имаат миленик. Затоа што само нивниот миленик има право на живот!? Овие помалку среќните како Тера, заслужувале и да умрат затоа што нивното постоење пречело на некој.

Толку злоба има во општеството, толку одвратни себични луѓе, не е ни чудно што тапкаме во место.

Единствена светла точка се граѓаните од кои зрачи добрина и се спремни да помогнат иако никој тоа од нив не го побарал, на животно кое ќе им возврати веројатно само со поглед полн со благодарност.

За да Тера не е отруена на стари години, нашиот херој, Татјана, ја прибра во пансион и ни се обрати после неколку месеци за помош да ја вдомиме.

Кога разбравме за целата голгота на Тера и на Татјана, не можевме а да не помогнеме.

За нејзина среќа, Тера (сега се вика Руби) не чекаше долго. Таа си го најде своето семејство и ја испративме далеку од Македонија и лошите спомени. 🤞🤞

Сега добиваме слики кои ни го разубавуваат денот и не потсетуваат зошто целиот труд вредел.

Иако државата и огорчените граѓани не го препознаваат допринесот на поединци како Татјана и впрочем сите активисти, кон општеството преку нашето континуирано волонтерско работење за да се намали бројот на бездомни животни, за нас нивната среќа и сигурност се доволни мотиватори за да продолжиме со хумани дела.

Се надеваме дека со приказната на Тера и Татјана ќе дадеме поголема видливост на хуманите граѓани кои се хероите на нашето време! Во општество во кое што само омраза се тлее, тие се добрината што ни фали! 🧡

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Бездомни животни без граници - Strays without borders posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Бездомни животни без граници - Strays without borders:

Videos

Share