18/01/2023
Знаеме дека кучињата по природа се карнивори, сепак малку правиме во врска со тој податок, иако знаеме дека секој карнивор своите енергетски потреби ги црпи од свежо животинско месо, сепак продолжуваме да ги храниме со термички обработено месо, преработки од месо, дехидрирано месо, итн.
Има премногу митови кои не тераат да го правиме тоа, истите тие митови бројни студии ги имаат докажано како неточни, како на пример дека свежото месо е тешко за варење за нивниот организам и доколку не е обработено содржи бактерии кои може да бидат опасни, баш напротив, дигестивниот тракт на кучињата е створен да јадат свежо месо и се што содржи во него и тоа како им прија, се останато што јадат им прави проблеми со варењето, со самата термичка обработка (готвење) се губат безброј состојки кои им се потребни, а да не зборуваме за она што е додадено во преработките од месо и сличните производи. Уште еден мит особено присутен на нашите простори е дека кучето ќе стане агресивно доколку јаде свежо месо, напротив недостстокот на храна која по природа им е потребна (во случајов свежо месо) може да доведе да се активира инстиктот за лов на плен а не обратно, а клучен фактор во однесувањето на кучето е нивото на социјализација.
Дали било кое суштество може да го достигне својот целосен потенцијал доколку се храни спротивно на начинот на кој природата го створила да се храни и кои се последиците од тоа, погледнете на линковите во продолжение и на сликите подоле.
https://youtu.be/Qx2YIIpF4cc
https://youtu.be/TJPToVsJj-c
https://youtu.be/Pn1F7AsmEkw