17/03/2020
⭕️ Сигурно се запрашувате што да правите со Вашиот миленик за време на карантин?
Доколку е потребно миленикот да минува време надвор, гледајте прошетката да биде кога нема многу луѓе. При прошетка, ако се сретнете со некој познаник или друго милениче, кое на вашето куче му е драго, поздравете се оддалеку! Никој нема да се налути, сепак, овој период е привремен.
Избегнувајте ги сите контакти, со луѓе и животни, што е можно повеќе❗️
Често миете раце! По прошетка, задолжително миете ги шепите на Вашиот миленик. Не заборавајте, хигиената е половина здравје! 💯
Снабдете се со доволно храна и грицки, како и санитарен песок за вашите мачиња, за да не мора да излегувате надвор и за да ги намалите контактите со луѓе.
⭕️ Доколку самиот сопственик мора да биде во изолација, што со вашиот миленик?
Пребарајте ги сите стационари за миленици кои се во вашата околина, доколку имате потреба, да бидете обезбедени.
Известете ги вашите блиски роднини/пријатели за можноста за чување на вашиот миленик доколку Вие нема да можете. Убаво би било миленикот да го чува некој што веќе го познава.
Осигурајте се дека сите вакцини се навремено аплицирани, како и заштитата против болви и крлежи!
Доколку имате прашања за здравјето на миленикот, прво исконтактирајте го матичниот ветеринар по телефон. Сепак, доколку е неопходно, имајте на ум дека ветеринарните клиники работат, како дел од здравствениот систем.