TUTU Pet Wellness Center

TUTU Pet Wellness Center TUTU Pet Wellness Center
Grooming, Spa, Aromatherapy, Relax massages ...)
Туту салон за стилизирање на миленици Академија и Опрема

01/03/2025

Симбиозата грумер-клиент се одржува постојано при целиот третман за да истиот биде и задоволство.

#одговорносопствеништво #стилистизамиленици

28/02/2025

Кога навиката е стекната од мали шепички, соработката и негата се на поинакво ниво на квалитет.

Куче со коса ? Четкаме и чешламе секој ден и грумираме на секои месец и пол почнувајќи од најрана возраст, идеално после примање на третата вакцина кога ветеринарниот доктор ќе Ви дозволи да го изнесувате кутрето надвор.

#одговорносопствеништво #стилистизамиленици

Делото на човекот е за осуда и за тоа истото моментално се суди.Дали ваков глутница однос подлежи под некаква одговорнос...
28/02/2025

Делото на човекот е за осуда и за тоа истото моментално се суди.

Дали ваков глутница однос подлежи под некаква одговорност ?

Дали правниот систем во Македонија дозволува да се собере толпа пред Судот и да ги сместува луѓето во амбулантно возило на излез позади Судот пред да почне судењето ?

Ова му е за секој случај да не му изречат мала казна или силата допрва доаѓа ?

Во поранешните системи југословенски, отомански, византиски не постоела ваква организирана улична правда ама можеби инспирацијата доаѓа од Саудиска Арабија или Пакистан.

Хумани бранители на правата на животните во сиот сјај

24/02/2025

Стилизирањето на миленикот е пред се постапка за хигиена и нега на уши, очи, заби, шепи, нокти, интимни делови... а потоа естетика при кратење на влакно.

Секое куче (и мачка) кои се чуваат како миленици, без исклучок независно од раса и потекло, има потреба од човечка нега, независно дали таа е домашна или професионална, се додека истата е редовна според потребите на миленикот.

Почнете од мали шепички, од 3 месеца откако ветеринарниот доктор ќе дозволи да излегува кутрето од домот... доколку чекате над 3 месеца за првиот груминг, кучето ризикува да созрее и да развие страв и можна агресија со недоверба во целиот третман во текот на целиот свој живот во просек од 12год зашто првите месеци се најважни за социјализација и култура на однесување.

#одговорносопствеништво #стилистизамиленици

21/02/2025

Социјализацијата и фамилијаризацијата на кучињата со луѓе, деца, околината, други кучиња и воопшто животни, мириси, звуци почнува веднаш откако ветеринарниот доктор ќе Ви дозволи да го изнесувате кутрето и да биде во контакт други животни. Првата средба со друго куче е неизбежна на улица, во парк, во груминг салон, хотел и секако ветеринарна амбуланта.

Степенот на толеранција е секогаш поголем кон она што го познаваме и разбираме.

#одговорносопствеништво #стилистизамиленици

20/02/2025

Ниту една црна хроника кога е објавена не наидува на хорда од глупи коментари кон новинарите кои ја пренесуваат веста и кон жртвите : "лажете, сеете омраза..." освен кога куче ќе нападне човек. Иако за жал тоа десетина години стана секојдневна појава, некои сеуште не веруваат дека кучињата се понекогаш и опасност. Чувството на неуспех на тие што досега го имаа монополот на мислењето околу бездомната популација на кучиња создава нерационално размислување и бегањето од реалноста на таа група на луѓе

18/02/2025

Капењето и негата на кучињата се клучни за нивното здравје и благосостојба, без разлика дали се вдомени, купени, расни или мешанчиња. Секое куче има потреба од редовна нега на кожата и влакната, чистење на перничињата на шепите, сечење на ноктите, хигиена на ушите и очите, како и дентална нега. Овие активности не само што го одржуваат кучето чисто и миризливо, туку и спречуваат различни здравствени проблеми, како што се инфекции, паразити или воспаленија.

Во нашиот Центар за благосостојба на миленици ТУТУ, вашето куче ќе добие сеопфатна нега која вклучува и луксузна спа сеанса за релаксација. Со употреба на стерилизирана вода и висококвалитетна козметика, нудиме длабинско чистење на порите преку микро и нано меурчиња, кои ги отстрануваат нечистотиите и ги освежуваат клетките на кожата. Ова не само што го подобрува изгледот на вашето милениче, туку и го зголемува неговото општо здравје и комфор.

Независно од расата или потеклото, секое куче заслужува внимание и љубов. Во ТУТУ, ние се грижиме за секој детал, осигурувајќи се дека вашето милениче ќе се чувствува сакано и негувано. Доверете ни го вашето куче, а ние ќе се погрижиме тоа да излезе од нашиот центар со сјајно влакно, чиста кожа и широка насмевка! 🐾✨

#стилистизамиленици #одговорносопствеништво

17/02/2025

Отсуството на стрес е најважниот елемент во секоја естетска услуга за миленици заедно со здравствената превенција преку хигиената на ушите, забите, очите, интимата, шепите.

Моментите додека го чекаме сопственикот на миленикот се важни за зајакнување на довербата грумер-миленик и милувањето е во знак за добро завршената заедничка работа.

Естетиката е секогаш последна зашто со сила убавина не бива :) #одговорносопствеништво #стилистизамиленици

16/02/2025

Светската здравствена организација (СЗО) ја истакна сложеноста со воспоставување на матрица на категории на кучиња врз основа на нивото на зависност на кучето (т.е. намерно обезбедување ресурси) и нивото на ограничување од страна на човекот.

Овие категории се:

Категорија 01 : Ограничени (надгледувани) кучиња - целосно зависни и целосно ограничени од човекот. Тие се целосно зависни од луѓето за храна, вода и засолниште и се под постојано надгледување. Тие живеат во домови или дворови и не се пуштени да се движат слободно. Ова вклучува домашни миленици и кучиња чувани во одгледувачници.

Категорија 02 : Семејни кучиња - целосно зависни и делумно ограничени. Тие обично живеат во дворови и се чувани како миленици, но не се постојано надгледувани. Овие кучиња може да се движат слободно во близина на домот, но сепак се под грижа на сопствениците.

Категорија 03 : Кучиња на населбата - делумно зависни и делумно ограничени. Овие “маалски“ кучиња се полузависни од луѓето, што значи дека делумно добиваат храна и грижа од луѓето, но исто така се потпираат и на сопствено преживување. Тие се полуограничени, се движат слободно во населбите, но често имаат одредена поврзаност со локалната заедница.

Категорија 04 : Неограничени (ненадгледувани) кучиња - делумно зависни и неограничени, овие најчесто селски кучиња се полузависни, што значи дека понекогаш добиваат храна од луѓето, но не се под нивна грижа. Тие се неограничени и се движат слободно без надзор, често живеејќи во рурални средини на отворен простор.

Категорија 05 : Диви кучиња - независни и неограничени. Овие кучиња се независни и не се потпираат на луѓето за ресурси. Тие се неограничени и живеат целосно слободно, обично во диви или изолирани средини, како што се шуми или депонии, и немаат интеракција со луѓето.

Миграцијата на популациите прави да кучињата минуваат ретроградно од повисока во пониска категорија (од 5 кон 1) додека НЕодговорното сопствеништво е виновно за менување на категориите од пониска кон повисока (од 1 кон 5).

Проблемот во Македонија е што НИТУ ЕДНА ОРГАНИЗАЦИЈА не работи на популациите од Категорија 04 и 05, додека тие се главниот извор на Категорија 03 со која се соочуваме во урбаните средини и на која сите се фокусирани со акции за вдомување, извоз, стерилизација и третман.

Сопствениците од Категорија 02 се релативно надвор од фокусот или сосема благо опоменувани додека треба ригорозно да бидат казнувани и целиот притисок на јавноста оправдано да се насочи кон нив и нивното НЕодговорно сопствеништво.

Категоријата 01 која се грижи за благосостојбата на својот миленик преку одговорно сопствеништво, го чипира, го вакцинира, се труди да му ги обезбеди најдобрите производи и услуги а со тоа овозможува цел економски сектор од неколку илјади фамилии да се развие околу неа, за жал е засега е единствената Категорија изложена на притисок и барање на построги законски решенија. Импактот на Категорија 01 во бездомната популација е речиси непостоечки додека паралелно културата на чување на миленик во константна позитивна еволуција и сосема непотребно оваа Категорија е мета на гласните непознавачи на проблематиката.

Потребна е едукација, дебати, прикажување на светски признати научни студии кои датираат од повеќе од половина век и најважното вклучување на квалитеттни, докажани професионалци со реноме кои секојдневно работат со кучиња и чија професија, а со тоа и егзистенција, е базирана врз нивното познавање. Ниту едно долгорочно решение не е возможно без професионалци, ветеринарни доктори и еколози.

15/02/2025

Клиент : Здраво, го гледам не можам да преболам колку е кратко исишан,во сред зима.
Воопшто не е така како што покажав. Многу ми е жал морам да ви кажам дека не сум задоволна

ТУТУ : Добар ден, како што колегата Ви објасни на приемот на кучето, пред шишањето, крзното на телото беше заплеткано (видео во прилог) и мораше да се шиша со ноже 5F како што Ви беше покажано на примероците со должина на крзно на што се согласивте посебно и заради кожната иритација од нехигиена и заплетканиците. Воопшто немаме интерес ниту поголема леснотија да шишаме кратко заплеткано куче отколку да стилизираме со ножички добро одржувано крзно. Напротив. Затоа наплаќаме поскапо кога шишаме кратко куче со длабоки заплетканици.
Вие потоа бевте задоволна од резултатот, го разгледавте, преземавте, плативте и заминавте без ниту една негативна забелешка како што се гледа на снимката од видео надзорот на салонот. Оваа раса има коса. Исто како и човечката, таа коса се четка и чешла длабински секој ден за да добие фризура како избраниот ТУТУ модел. Доколку немате соодветна опрема за четкање или пак техника, слободно дојдете со Вашите алатки и ќе Ви покажеме како исправно да го одржувате крзното (четка, чешел, серум, механички расплеткувач). Обично овие информации ги пренесува одгледувачот при продажба.

Клиент : Кучето немаше тутки, на крај на денот тоа е ваша работа да го исчешлате и да му направите фризура. најлесно е брич.
Така сите знаат да работат. И јас дома.

ТУТУ : За да ја проверите Вашата теорија : не се чешлајте 4 месеца и отидете на фризер и истово кажете и го на фризерката да видите како ќе Ве расчешла :)

13/02/2025

Темелното фенирање на кожата по капењето е од суштинско значење за одржување на здравјето на кучето, особено кај расите со набори на кожата како мопсовите. Мопсовите имаат многу набори на кожата, кои можат да станат влажни и топли, создавајќи идеална средина за развој на габични и бактериски инфекции. Ако кожата не се суши правилно, влагата останува заробена во наборите, што може да доведе до воспаление, непријатен мирис и сериозни кожни проблеми. Фенирањето со топол воздух не само што ја суши кожата, туку и помага да се отстранат остатоците од шампонот или други производи кои можат да предизвикаат иритација. Дополнително, темелното фенирање ги спречува бактериите и габите да се размножуваат, намалувајќи го ризикот од инфекции. За мопсовите, кои се особено склони кон кожни проблеми, оваа практика е неопходна за одржување на нивната кожа чиста и здрава. Регуларното и правилно сушење на кожата е клучен дел од грижата за мопсовите и другите раси со набори, осигурајќи дека тие остануваат среќни и здрави. Затоа, во груминг салонот, фенирањето треба да биде внимателно и темелно изведено, со посебно внимание на секој набор на кожата. Ова не е само прашање на изглед, туку и на здравствена грижа за вашите миленичиња.

#стилистизамиленици #одговорносопствеништво

11/02/2025

Додека цената на квадратот недвижнина плафонира, сите градови во Македонија бележат историски невидено присуство на бездомни кучиња и тоа во услови кога милиони евра се потрошени во Јавните претпријатија, невладиниот сектор и обештетување после напад (помалку од 30% од жртвите го пријавуваат нападот и бараат обештетување). Паралелно бројот на прифатилишта и извоз на бездомни кучиња е рекордно голем.

Виновникот за бездомната популација се бара во човечки фактор : НЕодговорно сопствеништво кое секако постои и е за осуда но влијае со помалку од 10% и "носење со комбиња од други општини" што е евтина приказна.

Се вели : кучето е единствено животно кое не може да опстане без човекот и поради тоа тој е виновен.

Доколку се заинтересираме за генезата и потеклото на кучето ќе утврдиме дека тоа е животно кое како гулабот или коњот е користено од човекот и размножувано и вештачки селекционирано за одредени цели, но кучињата во природата НИКОГАШ не престанале да живеат независно од човекот.

Изворот на бездомната популација како главен е опишан во стотици докторати на сите континенти, истражувања спроведени половина век и библиографирани на 28 страни во книгата What is a Dog од проф. Рејмонд Копингер.

Главниот извор се депониските кучиња кои живеат во комплетна автономија и независно од човекот. Потоа глутници мигрираат во селата каде истотака се размножуваат па на крајот нови глутници пристигаат во градовите.

Тоа е главниот извор докажан и утврден. Нивната типологија е слична и карактеристична и се разликува фундаментално од урбаната популација на кучиња миленици.

Досега милиони евра се потрошени на неефикасни проекти но 0 денари за следење и контрола на таа изворната популација која треба наједноставно да се третира како дива популација на кучиња.

Секако дека намалувањето на бројката на депонии на отворено ќе влијае на нивната миграција.

Секако дека има НЕодговорно сопствеништво посебно во селата каде нема чип, вакцина и контрола на размножување.

Овие популации ја надминуваат неколкукратно бројката на кучиња урбани миленици кои се околу 140 000 според неажурираната дата на податоци на АХВ.

Можеме да сметаме дека станува збор за половина милион кучиња кои еволуираат без човечко сопствеништво и кои се размножуваат двапати годишно во просек од 8 малечки.

Бројката на бездомни кучиња што ја гледаме во урбаните средини и која се третира со најголема добра волја од многу Јавни Претпријатија и активисти е само незначаен врв на огромна коцка мраз

https://tocka.com.mk/vesti/508313/intervju-so-ilija-petkovski-od-tutu-pet-wellness-center-poseduvanjeto-kuce-cini-mnogu-...
10/02/2025

https://tocka.com.mk/vesti/508313/intervju-so-ilija-petkovski-od-tutu-pet-wellness-center-poseduvanjeto-kuce-cini-mnogu-finansiski-i-vremenski-a-toa-ke-vi-vozvrati-so-bezuslovna-ljubov

„TUTU Pet Wellness Center“ е најпознатиот пет-велнес во Скопје, кој ги има поставено стандардите за професионална грижа за миленици. Со нивната страст за животни и внимателн....

04/02/2025

Не секогаш употребата на бабски решенија или "чудесни" хемиски препарати помагаат во оваа распространета "проблематика" која не е ниту здравствен ниту финкционален проблем туку само естетска непријатност која може да се надмине.

Појавата или губењето на црвенилото се својствени за сите кучиња (не само за белите) и може да бидат поврзани со многу надворешни и внатрешни фактори како колорација во исхрана, развој, стрес, бактерии, хормонски дисбаланс, кожни процеси ... и НЕ ПОСТОИ едно и единствено чудесно решение

#стилистизамиленици #одговорносопствеништво

03/02/2025

Дланките и кожата на Вашиот грумер се најдобар показател за козметиката која ја користи и односот кон милениците. Седум години користиме единствено квалитетна органска козметика произведена во Франција и во Јапонија за да Вашиот миленик ја добие најдобрата можна нега во груминг салон. #одговорносопствеништво #стилистизамиленици

Туту Центарот за Благосостојба на миленици стекна 7K FB Followers во својата 7 година ! Ви благодариме на сите кои ги по...
03/02/2025

Туту Центарот за Благосостојба на миленици стекна 7K FB Followers во својата 7 година !

Ви благодариме на сите кои ги поддржувате нашите акции кон сите животни во Македонија и пред се кон милениците. Благодариме на сите кои го препознавте нашиот иновативен пристап кон услугите на нега на миленици.

Првите ФБ следбеници сведочеа и ја следеа заедно со нас трансформацијата на груминг и пет индустријата во Македонија.

Меки пријателски пристап кон миленикот, присуство на сопственик за време на третман, органска козметика, протоколи за стерилизација на опрема и простории, единствени спа третмани со озон и наномеурчиња, релаксотерапија и масажи со ветеринарна асистенција, искусен колега ни се придружи во тимот директно од Јапонија (Мистер Вон Канг) за да го подигнеме нивото на груминг третмани на мачки со јапонски стил на шишање, создавање на Стандардот на Занимање Стилист за Миленици со Министерствата и Службен Весник, единствена груминг Асоцијација во Македонија, први и единствени стручни груминг семинари во Македонија, обука на над 30 колеги од Македонија и од Србија и преку 20 успешни груминг бизниси, ексклузивни увозници за најдобрите светски брендови на опрема и козметика кои ја ставија Македонија на својата мапа, учество во креацијата на петкастот Откритие МК, на агенцијата за посредништво при купување на миленик milo.mk ... сето ова и многу други елементи за подобра нега и грижа на милениците во Македонија не ќе беа возможни без Вашата секојдневна поддршка за која Ви благодариме од срце

28/01/2025

Најновата ТУТУ иновација пристигна !

После нова анализа на потребите на нашите клиенти, ние го збогативме системот на резервации со нова алатка : консултација во живо на нашиот календар на резервации на груминг термини.

Единствен груминг салон на Балканот кој нуди отворен ажуриран календар кој можете да го консултирате 24/7 во секој момент и да си го одберете терминот кој највеќе Ви одговара.

Откако истиот е избран Ви преостанува само да ни се јавите или доколку сакате напишете порака Viber, WhatsApp, SMS на телефонскиот број 072 215 271 и да го резервираме заедно терминчето.

#одговорносопствеништво #стилистизамиленици

Address

Ulica Ankarska 29
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 19:00
Tuesday 09:00 - 19:00
Wednesday 09:00 - 19:00
Thursday 09:00 - 19:00
Friday 09:00 - 19:00

Telephone

+38972215271

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when TUTU Pet Wellness Center posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to TUTU Pet Wellness Center:

Videos

Share

Category

TUTU Mini & Small Dog Grooming Skopje (072 215 271)

Туту е првиот македонски ланец на Dog Grooming Skopje фризер салони за капење, шишање и градинка на мали раси на кучиња во Скопје со француски стандарди. Најдобрата вредност квалитет/цена во Скопје за фризер био-капење и grooming à la française на кучиња од страна на професионален тим обучен во Париз. ТУТУ користи исклучиво органска француска козметика адаптирана на специфичноста на влакното, расата и чувствителноста на кожата на Вашето милениче. Салоните TUTU Dog Grooming Skopje се наоѓаат во строгиот Центар : улица Водњанска близу Галија и булевар Партизански Одреди близу Грчка Амбасада.

Во ТУТУ како и во европските 🇪🇺 салони, сопствениците на кучињата се добредојдени за време на ексклузивниот третман.

Вашето мало кутре кое првпат се шиша е секогаш поспокојно и посоработливо со Вашето бесценето присуство : исто како дете кога оди на забар 👨‍⚕️, фобијата од груминг тешко се лечи при трауматично искуство без Вас.

За време на третманот имаме време да разговараме со кафенце за кучето и правилната употреба на добра опрема за секојдневно одржување (шампони, четки, чешли но и храна и навики ... ТУТУ не продава никаков производ и нашиот совет е без никаков финансиcки интерес 😉