Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје

Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје Зоолошката градина е основана во 1926 година ,а во својата колекција располага со 495 животни од 96 видови. Работи 365 дена во годината

Работиме 365 дена во годината

Една женска фотогалерија од Скопје ЗОО 🥰Соња, нашата бела лавица, тигарката Ана, леопардот Сарина и јагуарката Инес ❤️Со...
28/02/2025

Една женска фотогалерија од Скопје ЗОО 🥰
Соња, нашата бела лавица, тигарката Ана, леопардот Сарина и јагуарката Инес ❤️
Соња е најмладата, а Инес највозрасната во длабока старост и со љубов чувана од нејзините зоонегуватели 🫶

Благодарност до Игор Паневски за преубавите фотографии 😍

Главниот на „бандата" капуцинери ❤️Капучинот е најинтелигентиот мајмун од Новиот Свет, па дури е способен да создаде и с...
20/02/2025

Главниот на „бандата" капуцинери ❤️
Капучинот е најинтелигентиот мајмун од Новиот Свет, па дури е способен да создаде и свои алатки за конзумирање на храна.
Најмногу се застапени во Аргентина, Бразил, Костарика, Хондурас, Парагвај и Перу.
Во Скопје ЗОО живеат во поголема група, како што живеат и во природата. Нивните социјални интеракции создаваат и социјални ритуали 🥰

Во тек е и кампањата „Биди суперхерој за животните-купи карти сега, искористи ги до 01.06". Секоја компанија која сака да даде поддршка на Зоолошка градина Скопје може да не исконтактира на [email protected]

17/02/2025

Соопштение за јавност

Во текот на минатата недела, поточно во вторникот ( 11.02), во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест.

Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки.

Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата.

Се сомневаме дека станува збор за труење од гранки од растението тиса (taxus baccata) кое може да биде отровно за животните.
Нашата установа редовно и транспарентно известува за сите случувања, а доколку се случи немил настан, веднаш ги известуваме сите надлежни институции со цел брзо постапување и откривање на причините.

Со почит, Зоолошка градина на град Скопје

Бидете суперхерои за животните 🐾Купете карти сега, а искористете ја авантурата до 01.06Кој може да се вклучи во кампањат...
13/02/2025

Бидете суперхерои за животните 🐾
Купете карти сега, а искористете ја авантурата до 01.06
Кој може да се вклучи во кампањата?
Сите компании, претпријатија, ресторани, институции кои сакаат да дадат поддршка на Скопје ЗОО ❤️

Повеќе инфо на [email protected] и 070 688 014

Членови на интервентниот тим (ИТ) за кафеава мечка ја вежбаа постапката за итни ситуации. Тековниот Прекуграничен проект...
06/02/2025

Членови на интервентниот тим (ИТ) за кафеава мечка ја вежбаа постапката за итни ситуации. Тековниот Прекуграничен проект за зачувување на кафеавата мечка дава основа да се одржува соработката и да се градат капацитетите на ИТ. Тимот се информираше за активностите од проектот и имаше обука за постапката за успивање на животно. Обучувач беше нашиот главен зоонегувател и колега Сашо Панчев, кој веќе неколку пати има учествувано во спасувачки акции за кафеави мечки.
Благодарност до Македонско еколошко друштво МЕД за поканата ❤️🐻

♥️🐧🐧
05/02/2025

♥️🐧🐧

„Џонатан и Лила станаа родители на 2 мали пингвинчиња - Лила своето име го има добиено по нашата позната водителка, па затоа таа денес дојде во Скопје ЗОО и ги почест...

04/02/2025

Голема благодарност до Лила, која секогаш наоѓа начин да даде поддршка на Скопје ЗОО и да помине време со нашите животни, но и со вработените ♥️
Со љубов од Скопје ЗОО за Лила 😍

Rock Kafana Rustikana 2.0- пример за општествено одговорни соседи кои меѓу првите се приклучија на нашата кампања „Купи ...
04/02/2025

Rock Kafana Rustikana 2.0- пример за општествено одговорни соседи кои меѓу првите се приклучија на нашата кампања „Купи карти сега, искористи ги до 01.06" ♥️
Доколку го посетите нивниот локал, можеби и се уште имате можност да добиете влезници за Скопје ЗОО- подарок од Рустикана екипата.
Уште еднаш голема благодарност што ја поддржувате Зоолошка градина Скопје 🙏

ЗОО Скопје со нова зимска кампања- „Купи карти сега, искористи ги до 01.06"Зимата е најчесто период со најмала посетенос...
03/02/2025

ЗОО Скопје со нова зимска кампања- „Купи карти сега, искористи ги до 01.06"

Зимата е најчесто период со најмала посетеност, а тимот на зоолошката градина секогаш се труди и успева животните да добиваат првокласна храна според класифицирана европска табличка и да имаат најдобри услови, иако цената за влез е само 80 денари, а месечните трошоци се речиси три пати поголеми од пред само три години.
Токму затоа ги повикуваме сите општествено одговорни компании, ресторани, институции да купат влезници за ЗОО Скопје кои ќе важат до 01.06, а кои ќе можат да ги поделат на своите вработени или потрошувачи и клиенти.
Со секоја ваша купена влезница помагате за благосостојбата на животните, но и успешно да го прославиме јубилејот „100 години Скопје ЗОО" ❤️
Сите заинтересирани може да не контактираат на [email protected] 🙏

Денеска во Зоолошка градина  Скопје  учевме повеќе за хранилките за птици. Орнитолозите од Македонското еколошко друштво...
19/01/2025

Денеска во Зоолошка градина Скопје учевме повеќе за хранилките за птици.
Орнитолозите од Македонското еколошко друштво, заедно со Војо Иванов, одржаа едукативно предавање за како најдобро да им помогнеме на птиците да ја поминат зимата, а присутните добија и бесплатни хранилки за птици.
🐦🐥🕊️🦆

❄️Оваа недела, на 19 јануари, дојдете во Зоолошката градина во Скопје и научете повеќе за хранилките за птици. 🐦‍⬛Орнито...
17/01/2025

❄️Оваа недела, на 19 јануари, дојдете во Зоолошката градина во Скопје и научете повеќе за хранилките за птици.
🐦‍⬛Орнитолозите од Македонското еколошко друштво, заедно со Војо Иванов, со почеток во 13 часот ќе одржат едукативно предавање за како најдобро да им помогнеме на птиците да ја поминат зимата, а присутните ќе добијат и бесплатни хранилки за птици.
Ве очекуваме! 🤗

❄️❄️❄️
14/01/2025

❄️❄️❄️

Животните во скопската Зоолошка градина како едвај да го дочекаа снегот. Лавови, тигри, пингвини, мајмуни. Погледнете како уживаат низ камерата на „Слободен печат.....

Утрово затекнавме снежна забава во живеалиштето на шимпанзата ☺️Баба Мими и Коко си собраа снег и уживаа играјќи си со с...
13/01/2025

Утрово затекнавме снежна забава во живеалиштето на шимпанзата ☺️
Баба Мими и Коко си собраа снег и уживаа играјќи си со снежните топки ❤️😍

Тимот на Зоолошка градина Скопје ви посакува Среќен Божик 🎀🥰
07/01/2025

Тимот на Зоолошка градина Скопје ви посакува Среќен Божик 🎀🥰

ЗОО Скопје ви посакува среќни празници ❤️🎉🎀Денеска  Зоолошка градина Скопје работи до 12:00, а во наредните денови ќе ра...
31/12/2024

ЗОО Скопје ви посакува среќни празници ❤️🎉🎀

Денеска Зоолошка градина Скопје работи до 12:00, а во наредните денови ќе работи секој ден со нормално работно време од 09:00-16:00

🥰 Благодарност до учениците и колегиумот од ООУ „Владо Тасевски" кои се вклучија во кампањата „Кажи стоп за петарди и ог...
30/12/2024

🥰 Благодарност до учениците и колегиумот од ООУ „Владо Тасевски" кои се вклучија во кампањата „Кажи стоп за петарди и огномет" и ни го испратија овој цртеж со цел заштита на животните од пиротехнички средства за време на новогодишните празници
Уште еднаш заеднички апелираме до целата јавност на прослави без употреба на пиротехника. Да ги заштиме децата и животните ❤️👶🐾

Нашите пријатели од Svetot na Kolores private kindergarten preschool ни приредија вистинска новогодишна бајка во Скопје ...
26/12/2024

Нашите пријатели од Svetot na Kolores private kindergarten preschool ни приредија вистинска новогодишна бајка во Скопје ЗОО ❤️🎀🎁

Денеска нашиот Коко слави 30-ти роденден, а зоонегувателите му подготвија роденденско изненадување ❤️Коко доби роденденс...
25/12/2024

Денеска нашиот Коко слави 30-ти роденден, а зоонегувателите му подготвија роденденско изненадување ❤️
Коко доби роденденска торта подготвена од неговата омилена храна 🥰
Шимпанзата се најблиски „роднини" на човекот, а за нашите Коко, Изи и Мими се грижиме како за дечиња 💞
Среќен роденден Коко, остани енергичен, забавен и главен во групата како и досега 💞🍰🎂

Address

Булевар Илинден
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 18:00
Tuesday 09:00 - 18:00
Wednesday 09:00 - 18:00
Thursday 09:00 - 18:00
Friday 09:00 - 18:00
Saturday 09:00 - 18:00
Sunday 09:00 - 18:00

Telephone

+38923220578

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје:

Videos

Share

Category