Луксација на патели е диагноза која често се диагностицира кај по малите раси на кучиња.Проблемот се диагностицира со ортопедски пеглед а за истото се потврдува и рендгенски.Има 4 степени на луксација на патела.Кога кучето појавува симптоми на куцање и се диагностицира од страна на ДВМ нај често е 2 или 3 степен и таквите пациенти како би го користеле коленскиот зглоб правилно и не би трпеле болка се препорачува операција на луксацијата на пателата.Оперативниот процес e склоп од техники се избираат во зависност од повеке фактори односно од состојбата на коленото и лигаментите и промените кое ги има истото.Техниките се - Сулкопластика Транспозиција на ТТ и Ретинакулопластика.
ТEA е пациент кај кој е диагностицирана луксација на двете колена од страна др, Светла Дракуловска ,првото колено е оперирано пред 14 месеци во Ветеринарна Амбуланта Вет Свет -Скопје а другото колено е оперирано пред 3 месеци во Ветеринарна Клиника Буневски-Битола
Снимките се месец дена пост оперативно
Имаме нов среќен пациент
TPLO е Хируршки третмам кој се користи за стабилизација на зглобот на коленото, во случајот, при кинење на преден вкрстен лигамент. Пациентот доаѓа од Кавадарци, Амерички стафордски териер, првата дијагноза ја донесе Др Pance Dameski ни го препрати нас за рентгенска дијагностика, со која ја потврдивме дијагнозата. Со оваа техника се менува положбата на тибијата и се вградуваат трајни импланти кои го држат зглобот во стаболна позиција, која прави превенција од понатамошни повреди.
Некои кучиња имаат предиспозиција заради анатомијата на самиот коленски зглоб.
Оваа проблематика за нас не е нова, а ја работиме повеќе 12 години и се' почесто ги дијагностицираме во нашата клиника. Техниката TPLO е една од најкористените техники кај големите раси на кучиња насекаде низ светот и се рачуна како понапредна техника за стабилизација на коленски зглоб.
Важност на постоперативниот период
Иако имаме супер резултати од операцијата на Бела, овој пат нема да се задржиме на случајот и постапката, околу пациентот, туку ќе ставиме акцент на важноста на постоперативниот период.
Мора да сме свесни за важноста на третирањето на пациентот после операцијата, кој е исто толку клучен како и третирањето во текот на хоспитализацијата.
Овој случај пациентчето имаше среќа што беше најдено од исклучително внимателна и упатена активистка, која со својата трпеливост и посветеност го постигна овој успех после 8 недели. Постоперативната грижа кај ортопедските пациенти е исклучително важна. Зборуваме за превенција од можни повреди од неконтролирано трчање, скокање, лижење на рана и давање на редовна терапија, промена на повои и редовни контролни прегледи. Негрижата итекако може не само да ја врати ногата во првобитна полжба туку и да ја оштети трајно. Сега Бела оди како претходно.
Бади е нашето пациентче од Скопје, кое од висок пад се здоби со исчешување ( луксација) на колк. Заради добрата анатомоја на колкот, одлучивме да го " вратиме" колкот со техниката ТOGGLE PIN, која сметавме дека е соодветна за овај случај. Сега да ја појасниме постапката: поставивме синтетски лигаменти кои ќе го држат колкот на место и нема да дозволат повторно исчашување. Оваа кратка приказна е поделена на 3 дела( ртг слика пред, ртг потоа и снимка после 3 недели од операцијата, таа е најсреќната, (нема музика ама замислете си секој своја😁)
Бади е нашето пациентче од Скопје, кое од висок пад се здоби со исчешување ( луксација) на колк. Заради добрата анатомоја на колкот, одлучивме да го " вратиме" колкот со техниката ТOGGLE PIN, која сметавме дека е соодветна за овај случај. Сега да ја појасниме постапката: поставивме синтетски лигаменти кои ќе го држат колкот на место и нема да дозволат повторно исчашување. Оваа кратка приказна е поделена на 3 дела( ртг слика пред, ртг потоа и снимка после 3 недели од операцијата, таа е најсреќната, (нема музика ама замислете си секој своја😁)
Се сеќавате на сликата со мачето и практикантката од Шведска? Мачето уште е кај нас, во клиника. Беше најдено на улица со скршеница на нога, оштетени меки ткива и отворени рани на истата нога. Направивме операција-остеосинтеза, а траумите на меките ткива ги решивме со редовни повои, ногата е спасена. Мачорчето со 300 имиња, (заради симпатиите кои ги доби од сите кои доаѓаа во клиниката), набрзо си оди.