Доаѓањето на нов живот на овај свет е нешто најсвето на нас... за сопствениците па и за сите љубители на животни.
Бордер коли ни го направи денот посебен со нејзините 7 мали кучиња.
И домашните миленици треба да ги заштитиме од топлотен
удар
Некои раси на кучиња и кучиња со одредени заболувања потешко ја поднесуваат топлината, но некои кучиња обожаваат да седат на сонце. Еве како да ги заштитите вашите миленици.
Колку е времето се потопло, се повеќе излегуваме на отворено, а со нас и нашите дом. миленици. Едвај го дочекавме времето за рекреација на отворено, но важно е да се заштитиме како самите себе така и вашите миленици од високите температури.
Не заборавајте дека како кучињата така и мачките прекумерната топлина ја оддаваат во околината со дрхтење (околу 80%), потоа преку кожата, ушите и крзното, потење преку табаните на шепите, а мачките се ладат и со лижење. Летото е пред врата и сакаме да Ве потсетиме како на нашите миленици да им ги олесните престојните денови со високи температури.
Хипертермија
До хипертермија доаѓа кога животните се затворени во мал простор (пр. во автомобил), или на плажа на мн. високи температури, кога е смалена нивната способност за ладење.
Домашните миленици со компромитирани горни дишни патишта (пр. булдог,
Почитувани Анимал Кеар Клиник е клиника која се грижи за здравјето на животните, а не е дом за доенчиња ниту пак прифатилиште за бездомни животни. П.с. најверојатно "господинот" не знаеше дека клиниката има 24/7 камери...
Luxatio art. temporomandibularis posttraumatica completa \ Нерепонибилна трауматска луксација на темпоромандибуларен зглоб (зглобот на вилицата).
Направено е хируршко враќање на вилицата во физиолошка позиција и привремено фиксирана до зараснување со техника наречена "using button tehnique" односно фиксирање на вилицата со помош на "копчиња" Иако само делимично може да отвора уста доволно е да може да јаде самостојно. После три недели извадени се копчињата и вилицата финкционира во целост како пред повредата.
Pancreatits acuta / Воспаление на панкеасот!
Претставува многу сериозна болест со што при ненавремена терапија може да заврши и фатално. Како причина многу често знае да биде наглата промена на храна особено давањето на храна богата со масти, после давање на некои лекарства, абдоминална траума, при воспаление на хепарот и жолчните канали, панкреасни камчиња итн. Како првични симптоми се анорексија, интензивно повраќање, висока температура, изразита абдоминална болка, крвав измет, кај мачките може ниска температура, летаргија итн. Доколку не се интервенира навреме и не се даде соодветна терапија миленикот може да угине.
БЕЛА, две годишно wеsti со знаци на дигестивни промени донесено на клиника како ургентен пациент препратен од друга амбуланта. После интензивна терапија од седум дена Бела се враќа во живот и се избори со болеста.
Внимавајте со што ги храните милениците при било каква промена во однесувањето консултирајте го вашиот лекар и следете ги неговите инструкции, бидејќи ненавремената терапија кај оваа болест може да заврши фатално.
Сепарација на симфизата на вилицата!!!
Маче 4 години старост, најверојатно удар од кола со повреда на глава однсно сепарација (скршеница) на долната вилица. Направена е серклажа односно поставување на жица со цел составување на вилицата до нејзино зараснување. На клипчето е мачето само по 12 часа од оперативен зафат, со преголем апетит кој за жал немаше јадено повеќе од два дена.
Херој за оваа недела!!!
МАРКО, 5 месечно маче нападнато од големо куче...
Од угризот е настаната повреда на слезината, затворен пнеумоторакс, при забивање на забите во градната шуплина е настанато повреда и на десниот каудален белодробен лобус. Донесен како ургентен пациент кој после стабилизација на пациентот е изведена латерална торакотомија (отварање на градниот кош) и парцијална лобектомија односно одстранување на оштетеното белодробно ткиво. Ваквите зафати се доста голем и ризичен предизвик но со добар анестезиолошки менаџмент, инхалациона анестезија и респираторна подршка како и доста добар анестезилошки и хируршки тим ризикот се сведува на минимим. Истота така е изведена спленектомија односно вадење на слизината заради обилното крварење и оштетено ткиво. Постоперативниот период односно интензиваната нега и исто така од клучна важност за успехот од ваквиот сложен зафат кој цел товар паѓа на анестезиологот. Мачето постоперативно многу брзо се опоравува и после пет дена болничко лекување е пуштено дома.
Пациент за оваа недела!
Малата Нала после 17ти ден на терапија од смртоносниот вирус ПАРВО.... конечно се избори со болеста која нажалост се искомплицира со секундарна бактериска инфекција која од денес конечно е минато за неа.
СИМБА!
10 месечен гер. шпиц, при скок од прегратката на сопственичката направи повреда на двата предни екстремитети, односно скршеници на двете подлактици. Поради тежината на случајот е одлучено да се оперира со остеосинтеза (поставување на импланти на двата екстремитети). Само еден час после вадењето на плочките (кои ги носеше два месеци) кучето оди како да не било воопшто оперирирано тој ден!
ФИФИ, 4 месечно маче
Удар од кола ...
Сепарација (скршена вилица) на вилица и изчашен зглоб на левата вилица. Составена е вилицата по оперативен пат и вратен е зглобот на место.
На клипчето е мачето само 12 часа постоперативно и јади нормално и ако е оперирано на вилица.
И домашните миленици треба да ги заштитиме од топлотен
удар
Некои раси на кучиња и кучиња со одредени заболувања потешко ја поднесуваат топлината, но некои кучиња обожаваат да седат на сонце. Еве како да ги заштитите вашите миленици.
Колку е времето се потопло, се повеќе излегуваме на отворено, а со нас и нашите дом. миленици. Едвај го дочекавме времето за рекреација на отворено, но важно е да се заштитиме како самите себе така и вашите миленици од високите температури.
Не заборавајте дека како кучињата така и мачките прекумерната топлина ја оддаваат во околината со дрхтење (околу 80%), потоа преку кожата, ушите и крзното, потење преку табаните на шепите, а мачките се ладат и со лижење. Летото е пред врата и сакаме да Ве потсетиме како на нашите миленици да им ги олесните престојните денови со високи температури.
Хипертермија
До хипертермија доаѓа кога животните се затворени во мал простор (пр. во автомобил), или на плажа на мн. високи температури, кога е смалена нивната способност за ладење.
Домашните миленици со компромитирани горни дишни патишта (пр. булдог,
БАДИ!
Седумгодишен кастриран мажјак донесен на клиника како ургентен пациент поради неможност за уринирање. Симптоми кои нагло се јавиле пред скоро еден ден и воопшно нема мокрено повеќе од 24часа. Направени се клинички и параклинички испитувања и е утврдено дека станува збор за мокрачно камче во уретра која му направи целосна блокада и неможност за уринирање. Ургентно е опериран, направено е уретротомија и цистотомија (отварање на мочен меур и уретра) извадено е мокрачното камче и е поставен катетер. Постоперативно за 24часа излегува од уремичен синдром и е во вон животна опасност. Му посакуваме брзо оздравување.
Започнувањето на утрото на клиника со овај тип на музика ни е најубаво !
Welcome baby puppies 🥰😍🥰😍🥰😍
Corpus alienum jejuni - страно тело во тенки црева кај маче!
Thelasia (очен црв/паразит)