14/06/2024
РИЗИК ОД ТОПЛОТЕН УДАР КАЈ ДОМАШНИ МИЛЕНИЦИ I Дел
Лето е тука! Подготвени да се препуштиме на забавата и активностите на отворено сме и ние и нашите домашни миленици во текот на топлите месеци Но, пред да ја земеме топката, омолената играчка или можеби фризбито и да истрчаме со главата и мислите веќе надвор, треба да бидеме сигурни дека сме свесни за опасноста од топлотен удар, како да се спречи, открие и доколку е потребно да се лекува. Брзото откривање на знаците на топлотниот удар може да значи разлика помеѓу животот и смртта за вашиот крзнен придружник еден убав сончев ден.
Превенција на топлотен удар
Луѓето често се мислат дека топлотниот удар се јавува само при изложеност на високи температури, иако тоа може да се случи и кога нивото на влажност на воздухот е висока, и покрај температура која не е екстремно висока. Топлотниот удар исто така, е можен во жешки, влажни, и непроветрени места во затворен простор.
За да се избегне топлотен удар имајте ги следните работи на ум :
Никогаш не го оставајте вашето домашно милениче само во паркирано возило. Паркиран автомобил може да стане пекол во само неколку минути, дури и со отворени прозорци , и вашето домашно милениче брзо би можело да подлегне на топлотен удар во внатрешноста на возилото.
Почнете ја вашата дневна прошетка со вашето куче во раните утрински часови или навечер, кога температурите се помалку екстремни. Допрете ја површината на тротоарот или асфалтот со дланката од вашата рака и доколку имате чувство дека е премногу жешка за вас, тоа исто така значи дека е премногу жешка и за шепите на вашето домашно милениче.
Дури и ако вашето домашно милениче сака отворено и поминува поголем дел од своето време уживајќи во природата, или во вашиот двор, најдобро е да го обезбедите со климатизирана просторија каде што ќе има можност да се повлече ако е тоа потребно
Додека сте надвор, осигурајте се дека вашето домашно милениче има пристап до сенка и засолниште далеку од изложеност на директна сончева светлина. Свежа вода секогаш треба да биде достапна за вашето домашно милениче, и да бидете сигурни дека се користи здрав сад, особено ако миленичето биде далеку од дома за некое одредено време.
Спец. Д-р Глигор Мојсов, ДВМ
ВЕТЕРИНАРНА АМБУЛАНТА МОГЛИВЕТ - СКОПЈЕ
РАБОТИ СЕКОЈ ДЕН ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК ВО ПЕРИОДОТ ОД 09.00 ДО 17 00 .
ЗАКАЖУВАЊА НА ТЕРМИНИ ЗА ПРЕГЛЕДИ, КОНСУЛТАЦИИ И
ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ НА СЛЕДНИТЕ ТЕЛ БР. :
тел.фикс . Амбуланта +389 02 6 092 193
Спец. Др. Глигор Мојсов, ДВМ,унив.маг.хир. 070 547 012
АДРЕСА : ЕЛИСИЕ ПОПОВСКИ МАРКО 55 Б. КАПИШТЕЦ
ЗАДНА СТРАНА НА ЗАВОД ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО КАПИШТЕЦ НА 30 МЕТРИ ОД ИСТА СТРАНА ПОСЛЕ ФИШ РЕСТОРАН (ПОРАНЕШЕН АРИСТОКРАТ ХОТЕЛ).